Пјеро Скаруфи
Пјеро Скаруфи (италијански: Piero Scaruffi) (Триверо, 1955) — научник, музички критичар и историчар на уметност со италијанско потекло. Завршил високо образование по математика на универзитетот во Торино (1982), а подоцна предавал на универзитетите Харвард и Стенфорд. Има објавено книги кои ја истражуваат историјата на популарната музика, поточно рок и џез правците. Најпознато дело му е A History of Rock Music (2003), во која се следи развојот на рок-музиката во времетраење од 50 години.[1]
Пјеро Скаруфи | |
---|---|
Националност | Италијанец |
Познат(а) по | наука, музика, уметност, историја, информатика |
Наводи
уреди- ↑ Morrell, Dan (2006-10-15). „The Greatest Web Site of All Time“. The New York Times: Arts. Scaruffi inc.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место
- Статија за Пјеро Скаруфи во Њујорк Тајмс
- Профил на Скаруфи на порталот на универзитетот Станфорд Архивирано на 31 декември 2006 г.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |