Проризна улица (Киев)
Проризната улица (украински: Вулиця Прорізна) е улица која се наоѓа во Киев, Украина. Улицата се наоѓа помеѓу Крештатик и Владимирската улица.
Проризна улица | |
---|---|
Вулиця Прорізна (украински) | |
Вулиця Прорізна | |
Поранешни називи: | Мартинивска, Жолотохрештенска , Василчиковска, Свердловска |
Место: | Киев, Украина |
Координати: | 50°26′54.26″N 30°31′6.82″E / 50.4484056° СГШ; 30.5185611° ИГД |
Улицата била снована при крајот на 40-тите и почеток на 50-тите години на 19 век. Во 1848, според киевскиот урбанистички план, улицата била обележана. Едно од најстарите имиња на оваа улица е Мартинивска. Во 50-тите години, оваа улица е позната под две имиња: Жолотохрештенска и Проризна. Од 1863 до 1919 улицата официјалното име на улицата било Василчиковска, според генералниот гувернер на Киев. Во исто време било користено и сегашното и име. Во времето на комунистичкиот период, улицата се викала Свердловска, за да по 1991 година го добие денешното име.