Парен притисок
Парен притисок — притисокот на кој при одредена температура пареата е во состојба на рамнотежа со течноста. Исто така, се јавува и рамнотежа на нивните количества, затоа што колку течност испарува, толку и се кондензира.
Притисокот на заситена пареа зависи од видот на течноста и температурата. Доколку температурата расте, расте и притисокот, добивајќи максимална вредност при критичната температура и тогаш се нарекува и критичен притисок затоа што на поголем притисок течноста и не би постоела.
Ако на одредена температура (точка на вриење) притисокот на заситената пареа е еднаков со атмосферскиот притисок, супстанцијата врие.
Притисокот на заситена пареа е еден од параметрите кои ги карактеризираат супстанциите, а особено течностите. Доколку не е наведена температурата при која се добиени податоците за притисокот, тогаш се подразбираат стандардни услови.