Престиж (филм)
Престиж е американски филм од 2006 година, во режија на Кристофер Нолан. Главните улоги ги толкуваат: Хју Џекмен, Кристијан Бејл, Скарлет Јохансон, Дејвид Боуви и Мајкл Кејн. Филмот е снимен според романот на Кристофер Прист.
„Престиж“ | |
---|---|
Режисер | Кристофер Нолан |
Продуцент | Ема Томас Арон Рајдер Кристофер Нолан |
Главни улоги | Хју Џекмен Кристијан Бејл Мајкл Кејн Скарлет Јохансон Ребека Хол Енди Серкис Давид Боуви |
Музика | Давид Џулиан |
Кинематографија | Воли Пфистер |
Монтажа | Ли Смит |
Дистрибутер | Buena Vista Pictures Distribution Warner Bros. Pictures (International) |
Премиера | октомври 17 2006(Ел Капитан театар) октомври 20 2006 (САД) ноември 10 2006 (Обединетото Кралство) |
Времетраење | 130 минути |
Земја | САД Обединетото Кралство |
Јазик | англиски |
Буџет | $40 милиони |
Бруто заработка | $109.7 милиони |
Содржина
уредиДејството на филмот се одвива во Лондон, на почетокот на XX век. Двајца магионичари Роберт Енгија и Алфред Борден работаат за постар магионичар Милтон и тие не се во толку добри односи, бидејќи на Борден не му се допаѓа Енгија и тој го мисли него за лош магионичар. Еден ден, кога го праваат познатиот трик на Милтон во резервоарот за вода и каде и учествува жената му на Роберт, Џулија, како асистентка. Борден ѝ ги врзува рацето со појак јазол, затоа Џулија не успева да го лизне јазолот и се удавува. Ова трагедија го скршува Енгија и тој планира да му се одмазди на Борден, започнувајќи едно долготрајно непријателство. Енгија и Борден се разделуваат, започнувајќи сопствени магични кариери и се натпреваруваат меѓу себе. Борден, за разлика од Енгија, води успешен љубовен живот со тоа што се оженува со една жена која се вика Сара, која подоцна му раѓа ќерка. Тој исто така создава еден магичен трик кој тој го нарекува "Транспортираниот Човек". Енгија слушнува за трикот на Борден и одлучува да го украде за себе. Енгија нема појма како се прави трикот и тој го ангажира Рут да биде негов двојник за да може да го направи трикот. Енгија знае дека Борден чува некои тајни и затоа ја ангажира својата асистентка, Оливија, да го шпионира Борден и да ги открие неговите тајни. Наместо тоа, Оливија одлучува да му биде асистентка на Борден и да му помогне, бидејќи таа се заљубува во него. Сепак, Оливија му дава копија од дневникот на Борден на Енгија. Енгија, со дневникот, успева да ја открие тајната за успех на Борден - Никола Тесла. За таа цел, Енгија отпатува за Америка за да се сретне со научникот Никола Тесла со цел да добие една машина која ќе му овозможи успех. Врската помеѓу Алфред и Сара очигледно се влошува, и Сара извршува самоубиство. Тесла му открива на Енгија дека нема создадено било кавов уред за Борден, но создава една дупликанстка машина која е способна да дуплицира ствари. Незадоволен од својата машина, Тесла го советува Енгија да ја уништи машината. Енгија сега го прави трикот Транспортниот Човек поуспешен од кога било со помош на новата машина. кога успева да исчезне и после да се појави на врвот на балконот на задната страна на салата. Борден, во една прилика, го гледа трикот и една вечер, оди зад сцена за да сведочи како Енгија паѓа во резерворот за вода и се удавува, иако Борден се обидува да го спаси. Катер, сценскиот инженер, исто така е сведок на оваа сцена и Борден е уапсен. Борден е потоа прогласен за виновен за убиството и осуден на смрт. Во затвотот, агент на Лорд Калоу го посетува Борден, кој нуди да се грижи за ќерката на Борден, ако Борден ги открие сите свои магични трикови. Борден отпрвин одбива да ги открие своите магични трикови, но потоа се согласува и посетен од страна на Лорд Калоу, кој открива дека е самиот Роберт Енгија. Борден го моли Енгија да го спаси, но Енгија го игнорира и одлучува да го остави да умре. Борден е осуден на смрт и умира. Во еден театар, Катер разговара со Енгија, но кога Катер излегува од театарот, влегува еден непознат човек кој личи токму на Борден и го застрелува Енгија. Непознатиот човек открива дека е брат-двојник на Борден и дека тие го делаат идентитетот "Алфред Борден", на тој начин го правеле и трикот "Транспортираниот Човек". Енгија трагично умира во театарот.[1]
Улоги
уреди- Хју Џекмен како Роберт Енгија (Големиот Дантон)/Лорд Калдлоу/Џералд Рут
- Кристијан Бејл како Алфред Борден (Професорот)/Фелон
- Мајкл Кејн како Џон Катер
- Пајпер Перабо како Јулија МекКалој
- Ребека Хол како Сара Борден
- Скарлет Јохансон како Оливија Венскомбе
- Дејвид Боуви како Никола Тесла
- Енди Серкис како г-дин Ели
- Рики Џеј како Милтон
- Роџер Рис како Овенс
- В. Морган Шепард како Мерит
- Даниел Дејвис како судија кој го води судењето на Борден.
Наводи
уреди- ↑ „Двобој на маестрални магионичари“, Антена, број 852, 24.10.2014, стр. 3.