Правен факултет - Штип

образовна единица при Универзитетот „Гоце Делчев“

Правниот факултет со седиште во Штип (претходно во Кочани) е основан во 2007 година како редовна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Правниот факултет како единствен Правен факултет во источниот дел на Македонија се наметна од потребата за поефикасно вршење на правосудните, административните и политичките функции во Републикава.

Правен факултет - Кочани
Виддржавен
Основан2007
ДеканПроф. д-р Јован Ананиев
Административен кадар
20
Студенти>400
МестоКочани, Република Македонија
ПрипадностУниверзитетот „Гоце Делчев“ - Штип
pra.ugd.edu.mk
Поранешен Правен факултет - Кочани

Мисијата на Правниот факултет е да се развие како транспарентна високообразовна институција во која ќе се образуваат кадри за наставно-научните институции, правосудните органи, јавната администрација, како и во други области каде се бараат правните знаења. Да се развие како отворена институција во која ќе се отсликува европски осмислениот модел на едукација, како преку исполнување на стандардите и нормативите во образовниот систем, така и преку вклучување на европските и светските трендови во наставните планови и програми.

Организација и структура

уреди

Функцијата декан на Правниот факултет ја врши Проф. д-р Јован Ананиев, а продекан за настава е доц. д-р Љупчо Сотировски[1]. Студиските програми се организирани во:

Носител на студиите е Правниот факултет, а реализатор на студиите се катедрите кои се составен дел на Правниот факултет, а тоа се[2]:

  • Катедра по политички и правно – политички науки
  • Kaтедра по граѓанско право
  • Катедра по деловно право
  • Катедра по казнено право
  • Катедра по меѓународни односи и европско право
  • Катедра по новинарство и медиуми

Согласно Законот за високото образование во Република Македонија, на Правниот факултет во Кочани додипломските студии траат три до пет години (во зависност од насоката) по кој период секој студент добива јавна диплома со стручен назив – дипломиран правник од соодветната насока или дипломиран новинар. Сите студиски и предметни програми се изготвени согласно со одредбите од Законот за високото образование на Р Македонија и усогласени со Европскиот кредит-трансфер систем, одобрени од Ректорската управа и Сенатот на Универзитетот. Секоја предметна програма има точно определен број на кредити кои се доделуваат само за исполнети предвидени обврски на студентот. Студентот за секој семестар запишува предметни програми кои носат по 30 кредити или вкупниот број на кредити по студиска програма да биде од 180 до 300 кредити (зависно од насоката). Според бројот на часови по предмети и семестри, нашите студиски програми го задоволуваат квантумот од потреби и не претставуваат оптоварување согласно со возраста на студентите. Во студиската 2009/2010 година на Правниот факултет се запишаа 330 суденти, од кои во Штип: на насоката новинарство има 20, а на Европско право 40 студенти. Бројот на запишани студенти во студиската 2010/2011 изнесува 324, додека во вториот циклус на студии се запишани 99 студенти.

Прв циклус на студии

уреди

Во првиот циклус на студии на Правниот факултет се изучуваат следниве студиски програми[3]:

  • Новинарство
  • Правни студии - Финансово право
  • Правни студии - Административно право
  • Правни студии - Граѓанско право
  • Правни студии - Деловно право
  • Правни студии - Европско право и меѓународни односи
  • Правни студии - Казнено право
  • Правни студии - Меѓународно право и меѓународни односи

Правосудна насока

уреди

Правосудната насока се изведува во Кочани и претставува додипломски студии или прв степен на студии со вкупно 300 ЕКТС. Должината на студии изнесува пет години и по завршувањето кандидатот се стекнува со називот дипломиран правник – Правосудна насока. Наставата, испитите и другите активности е организирана во десет семестри. Основен услов за право на конкурирање е кандидатите да имаат завршено четиригодишно средно образование.

Јавна администрација

уреди

Насоката Јавна администрација се изведува во Кочани и претставува додипломски студии или прв степен на студии со вкупно 180 ЕКТС. Должината на студии изнесува три години и по завршувањето кандидатот се стекнува со називот дипломиран правник насока Јавна администрација. Наставата е организирана во шест семестри. Основен услов за право на конкурирање е кандидатите да имаат завршено четиригодишно средно образование.

Применета политика и дипломатија

уреди

Насоката Применета политика и дипломатија (модул Европско право) се изведува во Штип и претставува додипломски студии или прв степен на студии со вкупно 180 ЕКТС. Должината на студии изнесува три години и по завршувањето кандидатот се стекнува со називот дипломиран правник насока Применета политика и дипломатија. Наставата е организирана во шест семестри. Основен услов за право на конкурирање е кандидатите да имаат завршено четиригодишно средно образование.

Новинарство и односи со јавноста

уреди

Насоката Новинарство и односи со јавноста се изведува во Штип и претставува додипломски студии или прв степен на студии со вкупно 180 ЕКТС. Должината на студии изнесува три години и по завршувањето кандидатот се стекнува со називот дипломиран новинар. Наставата е организирана во шест семестри. Основен услов за право на конкурирање е кандидатите да имаат завршено четиригодишно средно образование.

Наставата на додипломските студии е организирана преку предавања, вежби, консултации, семинарски работи и самостојна работа. Студиските програми заклучно со втора година се засновани на слични предметни програми на трите насоки (освен новинарство), кои се засновани на изучување на поголем број на правни дисциплини.

Втор циклус на студии

уреди

Во вториот циклус на студии на Правниот факултет се изучуваат следниве студиски програми[4]:

  • Јавна администрација - едногодишни студии
  • Јавна администрација - двогодишни студии
  • Комуникациски менаџмент и односи со јавноста - едногодишни студии
  • Комуникациски менаџмент и односи со јавноста - двогодишни студии
  • Масовни комуникации и менаџмент во медиумите - едногодишни студии
  • Масовни комуникации и менаџмент во медиумите - двогодишни студии
  • Правосудна насока - едногодишни студии
  • Правосудна насока - двогодишни студии
  • Применета политика и дипломатија - едногодишни студии
  • Применета политика и дипломатија - двогодишни студии

Наводи

уреди
  1. „Официјално мрежно место на Правен факултет - „За факултетот". Архивирано од изворникот на 2013-07-10. Посетено на 2013-03-07.
  2. „Официјално мрежно место на Правен факултет - „Катедри и институти". Архивирано од изворникот на 2013-06-11. Посетено на 2013-03-07.
  3. „Официјално мрежно место на Правен факултет - „Прв циклус на студии". Архивирано од изворникот на 2013-03-18. Посетено на 2013-03-07.
  4. „Официјално мрежно место на Правен факултет - „Втор циклус на студии". Архивирано од изворникот на 2013-06-12. Посетено на 2013-03-07.

Надворешни врски

уреди