Портата на рајот (филм од 1980)

„Портата на рајот“ или „Рајската порта“ (англиски: Heaven's Gate) - американски филм од 1980 година, во режија на Мајкл Чимино (Michael Cimino). Главните улоги ги толкуваат: Крис Кристоферсон (Kris Kristofferson), Кристофер Вокен (Christopher Walken), Џон Харт, (John Hurt), Сем Вотерстон (Sam Waterston), Бред Дуриф (Brad Dourif), Изабел Ипер (Isabelle Huppert), Џозеф Котен (Joseph Cotten), Џеф Бриџис (Jeff Bridges), Рони Хокинс (Ronnie Hawkins), Пол Косло (Paul Koslo), Џефри Луис (Geoffrey Lewis), Ричард Масур (Richard Masur), Розана Вела (Roseanne Vela) и Мери Кетрин Рајт (Mary Catherine Wright). Ова е првиот филм на Чимино снимен по големиот успех со „Ловец на елени“. Филмот, чија интегрална верзија трае 3,5 часа, се одликува со извонредна фотографија (дело на Вилмош Жигмонд), како и со детална сценографија и костимографија кои верно го одразуваат духот на времето. Автор на музиката е Дејвид Менсфилд.[1]

Мики Рурк се појавува во филмот

Синопсис

уреди

Во реонот Џонсон, во Вајоминг, кон крајот на 19 век, шерифот Џејмс Ејверил (го игра Кристоферсон) се обидува да ги заштити доселениците-земјоделци од богатите сточари. Џејмс е вљубен во Ела Вотсон (ја игра Ипер), која води јавна куќа, а за нејзината љубов се бори со платениот револвераш Нејтан Чемпион (го игра Вокен). Сточарите се организираат и прават список за ликвидирање на 125 селани. Еден од изнајмените револвераши е Нејтан, но тој почнува да ги преиспитува своите постапки откако тројца платеници ја силуваат Ела и ги убиваат нејзините девојки. Џејмс убива еден од силувачите и ја моли Ела да го напушти местото, но таа тврдоглаво одбива да се исели од својот имот. Ела, која дотогаш го искористува Нејтан, ја прифаќа неговата понуда за брак, а тоа го налутува Џејмс. Сакајќи да ја избегне борбата со сточарите, градоначалникот го отпушта шерифот. Тогаш, водачите на сточарите решаваат да го убијат Џејмс за да ги заплашат останатите. Меѓутоа, жителите се организираат, решени да им се спротивстават на злосторниците...

Наводи

уреди