Портал:СФРЈ/Избрана статија

Распад на СФРЈ.

Распадот на СФРЈ бил обележан со низа насилни конфликти на територијата на поранешна Југославија од 1991 до 2001. Војните се одликуваат со жестоки етнички конфликти помеѓу народите на поранешна Југославија, главно меѓу Србите од една и Хрватите, Бошњаците и Албанците од друга страна. Исто така постоеле конфликти и меѓу Бошњаците и Хрватите во Босна и Херцеговина и Македонците и Албанците во Македонија. Овие обвинети за војни злочини од страна на Меѓународниот Кривичен Трибунал за бивша Југославија основан од страна на Обединетите Нации.

СФРЈ се распаднала во деведесеттите години на дваесеттиот век.После смртта на Јосип Броз Тито, Косовските Албанци почнале да бараат статус на република за Косово. Српскиот државен врв во текот на 1989 и 1990та година извршил промени на власта во Црна Гора, Војводина и на Косово,така да добивајќи контрола врз половина Југославија,и исто така добил контрола над 4 од 8те гласови во претседателството на Југославија. После тоа, Словенија и Хрватска прогласуваат независност во 1991 година,а после една година тоа го направија и Босна и Херцеговина и Република Македонија.

Дознајте повеќе...