Портал:Перу/Вовед
Перу (шпански: Perú, кечуански: Piruw, ајмарски: Piruw), официјално Република Перу ( República del Perú, Piruw Suyu, Piruw Republika) е независна држава која се наоѓа во во западниот дел на Јужна Америка. Перу се граничи со Еквадор и Колумбија на север, со Бразил на исток, со Боливија на југоисток, со Чиле на југ и на запад излегува на Тихи Океан.
Територијата на Перу била татковина на цивилизацијата Норте Чико, една од најстарите во светот и на Имепријата на Инките, најголемата држава на територијата на Јужна Америка пред колонизацијата. Шпанското царство ја освоила територијата во 16 век и го основале Вицекралството Перу во кое влегле поголемиот број земји колонизирани од Шпанија во тој дел од Јужна Америка. По независноста на Перу, државата подлегнала на поголем број нестабилности и економски кризи, но исто така имала и стабилни и просперитетни периоди.
Перу е демократска република поделена на 25 региони. Географијата на Перу варира од рамнини во близина на крајбрежјето до високи планини и врвови на исток и тропски шуми во Амазонскиот басен. Државата е во развој со среден индекс на развој и ниво на циромаштија од 40%. Главните економски ресурси се земјоделството, рибарството, рударството и производството на текстил и други суровини.