Портал:Отоманско Царство/Избрана биографија

Орхан І — вториот султан на Отоманското Царство кој владеел од 1324 година до 1359 година. Тој продолжил со проширување на своите територии на сметка на Византија, освојувајќи ги во 1331 година Никеја, во 1337 Никомедија, а Бурса станала новата престолнина на султанатот. Во негово време, земјата започнала да се организира како држава во која биле пуштени односно изработени првите ковани пари, била направена модернизирана војска и слично. Орхан создал царство кое опфаќало делови од Мала Азија и дел од Европа, а се протегало до три мориња – Егејското, Мраморното и Црното Море.