Портал:Германија/Вовед
Германија е сојузна парламентарна република во Европа. Државата се состои од 16 покраини, додека главен и најголем град е Берлин. Германија покрива површина од 357.021 км2 и главно има умерена сезонска клима. Со 81,8 милиони жители, таа е најнаселена земја членка и најголема економија во Европската Унија. Таа е една од најголемите политички сили на европскиот континент и технолошки лидер во многу полиња.
Регионот именуван Германија, населен од страна на Германите, бил документиран пред 100. година од нашата ера. Во текот на Големата преселба, германските племиња се прошириле на југ и основале наследнички кралства низ поголемиот дел на Европа. Почнувајќи од 10. век, германските територии го формирале централниот дел на Светото Римско Царство. Во текот на 16. век, северните германски области станале центар на протестантската реформација, додека јужните и западните области останале доминантно римокатолички, со две спротивни фракции во Триесетгодишната војна, обележувајќи ја католичко-протестантската поделба, која оттогаш го карактеризира германското општество. Окупирана за време на Наполеоновите војни, се случил подемот на пангерманизмот внатре во Германскиот Сојуз, поради што дошло до обединување на повеќето германски држави во Германското Царство во 1871, кое било предводено од Прусија. По германската револуција од 1918-1919, а потоа и военото предавање во Првата светска војна, Царството било заменето од Вајмарската Република во 1918 и поделено со Версајскиот договор. Сред Големата криза, Третиот Рајх бил прогласен во 1933. Подоцнежниот период бил обележан од фашизмот и Втората светска војна. По 1945, Германија била поделена од страна на сојузниците во четири окупациски зони, кои се развиле во две држави, Источна и Западна Германија. Во 1990, Германија била повторно обединета. Прочитајте повеќе