Портал:Архитектура/Избрана градба/2009/јануари
Версајски дворец — кралски дворец, кој се наоѓа во непосредна близина на градот Версај во Франција. Почнувајќи од 1682 година кога кралот Луј XIV се преселил таму од Париз, па сè додека кралското семејство не било принудено да се врати во Париз во 1789, Версајскиот дворец бил центарот на моќта.
Во 1660 год. кралот Луј XIV, кој веќе станал доволно возрасен за да владее, барал соодветно место за дворец близу Париз кој ќе биде истовремено доволно далеку за да се избегне бучавата на градот. Тој израснал со нередите на граѓанската војна помеѓу сопернички аристократски семејства и затоа барал место каде што ќе може да ја организира и комплетно контролира владата на Франција на начин на кој тој ќе биде во апсолутен центар на внимание. Тој избрал едно ловно засолниште од татка си и решил да го претвори во дворец. Во 1678 год. архитектот Жил Ардуен Мансар ја преземал задачата и доградил уште две крила, кралска капела и познатата Сала на огледалата. На 6 мај, 1682 Луј XIV конечно се преселил во дворецот. Прочитајте повеќе