Портал:Архитектура/Избрана градба/2009/октомври
Во-ле-Виконт — француски барокен дворец (шато) во Менси, близу Мелен, 55 km југоисточно од Париз во департманот Сена и Марна, Франција. Бил изграден во периодот од 1658 до 1661 за Никола Фуке, Маркиз од Бел-Ил-на-Море, Виконт од Мелен и Во, финансов управник (министер) на кралот Луј XIV.
Во-ле-Виконт на многу начини е највлијателното дело во Европа во средината на XVII век, најпрефинетата куќа во Франција изградена по Мезонскиот дворец. Тука заедно со архитектот Луј Ле Во, пејзажниот архитект Андре Ле Нотр и сликарот-декоратор Шарл Ле Брен за прв пат работеле заедно на голем проект. Нивната соработка го означува почетокот на еден нов поредок: величествениот манир на „стилот Луј XIV“ во кој спаѓаат системи на заедничка работа, кои можеле да се применат на градбата, нејзините ентериери и уметнички дела и на создавањето на цел пејзаж. Овој дворец е еден од најдобрите градби во Европа од ова време. Прочитајте повеќе