Портал:Архитектура/Избрана биографија/2008/ноември
Коџа Мимар Синан Ага (1489 — 1588) — главен отомански архитект за султаните Селим I, Сулејман I, Селим II и Мурат III. Неговото најголемо ремек-дело е Селимовата џамија во Едрене, иако неговото најпознато дело е Сулејмановата џамија во Истанбул. Синан исто така бил еден од првите противземјотресни инженери во светот.
Синан се родил како христијанин во Анадолија во малото гратче Ааринас близу градот Кајсери, а неговото потекло е или грчко или ермененско (не може точно да се знае бидејќи во отоманските пописи се запишувала само верата).Прочитајте повеќе