Портал:Антарктик/Избрана биографија

Фабијан Готлиб фон Белингсхаузен (германски:Fabian Gottlieb von Bellingshausen) или Фадеј Фадеевич Белингсхаузен (руски:Фаддей Фаддеевич Беллинсгаузен) (9 (20 септември) 1778 — 13 (25 јануари) 1852) бил поморски офицер којшто и служел на Руската Империја и бил предводник на втората руска експедиција на пат околу светот. За време на своето патување, тој станал еден од тројцата Европејци кои први го виделе континентот Антарктик. Прочитајте повеќе