Порака во шише (филм)

Порака во шише е романтичен американски драма филм режиран од Луис Мандоки.Врз основа на романот со истото име од Николас Спаркс, во филмот играат Кевин Костнер, Робин Врајт Пен и Пол Њуман. Порака во шише е сниман во Мејн,Чикаго и Вилмингтон, Северна Каролина во САД.

Содржина

уреди

Тереза Озборн работи во весникот “Чикаго Трибјун“ (Chicago Tribune) како истражувач (таа е поранешен репортер). На едно патување во Кејп Код, таа пронаоѓа мистериозно,интригантно љубовно писмо во песокот, адресирано од Гарет до Кетрин.Таа е фасцинирана од него и пронаоѓа уште две писма од истата личност, за накрај да го пронајде човекот кој ги пишува, Гарет Блејк. Тој заедно со неговата жена пред таа да умре обновиле брод кој се вика Случајност и тој сега мирно живее во поодалечен блок во Северна Каролина со неговиот татко, Доџ.

Тереза и Гарет подобро се запознаваат, но таа не му открива дека знае за љубовните писма. Заедно со буквалната далечина помеѓу нив - тие живеат на оддалеченост од стотици километри- постои друг проблем : Гарет не може целосно да и прости на Кетрин што умрела и го оставила.

Кариерата на Тереза значително напреднува откако на печатено ќе ја раскаже романтичната приказна „порака во шише“, без да употреби имиња. Гарет патува во Чикаго да ја посети Тереза и нејзиниот син. Нивната нова љубов расте, сè додека еден ден Гарет не ги пронајде неговите писма во фиока во станот на Тереза. Налутен и бесен Гарет си оди дома сам.

Една година подоцна Доџ ја пронаоѓа Тереза. Тој ја известува дека неговиот син Гарет умрел на море во бура додека се обидувал да спаси некој друг. Шише со порака во него било пронајдено на неговиот брод. Тереза сфаќа дека писмото е напишано ноќта пред последното пловење на Гарет. Во него, тој и се извинува на Кетрин и вели дека во Тереза тој пронашол нова љубов и мора да се бори за неа.

Продукција

уреди

Продуцентите првобитно планирале да снимаат на Островот Тангиер, Вирџинија, САД, но неколку членови од советот на градот се противеле поради пиењето, пцуењето и сексот во филмот и барале промени во сценариото за да дадат дозвола за снимање.Потоа Варнер Брос се обиделе со Martha's Vineyard во близина на Чилмарк,Масачусетс, САД, но Chilmark Conservation Commission побарале да се изгради привремена куќа од 280 м2, куќа на колци во песочниот нанос во близина на Пристаништето Чилмарк.

Иако од “Чикаго Трибјун“ дале дозвова за користење на нивното име и слика, вистинската канцеларија на весникот каде работи Тереза, според официјалното мрежно место на филмот, е изградена во склад во Лос Анџелес.

Настапуваат

уреди

Прифаќање

уреди

Критичко огласување

уреди

Ротен Томатос му даде на филмот просек од 31% врз основа на 35 прегледи.

Финансии

уреди

Порака во шише беше број 1 викендот на Свети Валентин 1999 година.

'Музика

уреди

Ирската музичка група Кланад за филмот ја напиша песната "What Will I Do"(Што ќе правам јас). Пејачот Ричард Маркс исто така ја компонирал песната "One More Time" (Уште еднаш), испеана од Лора Паусини, која свири за време на одобрувањето.

Наводи

уреди
  1. a b c "Message in a Bottle (1999)". Box Office Mojo. Amazon.com.
  2. Message in a Bottle во Rotten Tomatoes Flixster и песната "I could not ask for more"(Не можам да барам повеќе).

Надворешни врски

уреди