Свети Валентин - римски светец од III век.

Житие

уреди

Св. Валентин бил свештеник во Рим, кој се истакнувал со мудроста и со светиот живот, поради што уживал голем углед. Римскиот цар Клавдиј Втори побарал од св. Валентин да се откаже од христијанската вера, а светецот му одговорил: „Кога би знаел кој е вистинскиот Господ, никогаш нема да го побараш тоа од мене. За мене, Христос е вистинскиот Син Божји.“ Кога еден од судиите го прашал, што мисли за римските богови, св. Валентин рекол: „Тие се демони!„. Поради тоа, во 269 година му била отсечена главата.[1]

Наводи

уреди
  1. „Верски календар“, Дневник, година XXI, број 6289, вторник, 14 февруари 2017, стр. 23.