Пол Бурже
Пол Бурже (2 септември 1852 – 25 декември 1935) — француски романописец и книжевен критичар, роден во Амјен.[1] Неговиот татко бил професор по математика, а малиот Бурже го стекнал основното образование во училиштето каде работел татко му. Името го изградил како колумнист во Nouvelle Revue, каде го објавил текстот Есеи за современата психологија. Неговиот најпознат роман, бестселерот Апостолот, се занимава со теми како религија и атеизам. Самиот Бурже се откажал од католицизмот во 1867, а се вратил во 1901, пред да го напише делото.[2] Бил член на француската академија и носител на орденот „Легија на честа“. Починал на 25 декември 1935, на 83 години во Париз.[3][4]
Пол Шарл Јозеф Бурге | |
---|---|
Пол Бурге во 1899 | |
Роден/а | 2 септември 1852 Амјен |
Починат/а | 25 декември 1935 Париз |
Почивалиште | Монпарнас |
Занимање | романописец, критичар |
Националност | французин |
Значајни дела | Апостолот |
Библиографија
уреди- Злобна енигма (1887)
- Женско срце (1890)
- Беше љубов? (1891)
- Светец (1892)
- Ветената земја (1895)
- Жива лага (1896)
- Семејна драма (1899)
- Апостолот (1901)
- Развод (1904)
- Вечерна комета (1916)
Значење и влијание
уредиГерманскиот филозоф Фридрих Ниче го истакнува Бурже како еден од омилените современи автори, ставајќи во групата на „деликатни психолози“.[5]
Наводи
уреди- ↑ Charpentier, Jean (1936). "Paul Bourget, Critique et Romancier," Mercure de France, Vol. 265, pp. 230–54.
- ↑ "Paul Bourget in New York", The Pittsburg Press, August 21, 1893.
- ↑ Delille, Edward (1892). "M. Paul Bourget," Fortnightly Review, Vol. 67, pp. 655–67.
- ↑ Bazin, René (1926). "Paul Bourget, Romancier," Journal des Débats, Vol. 33, pp. 844–856.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 52.
Надворешни врски
уредиВикиизвор има оригинални дела од или за: Пол Бурже |
- Пол Бурже на Ризницата
- Дела од Paul Bourget на проектот „Гутенберг“
- Дела од или за Пол Бурже на Семрежниот архив
- Дела од Пол Бурже на LibriVox (аудиокниги во јавна сопственост)