Полумаратон[2]атлетска дисциплина во трчање на половина од должината на маратонската трка, 21,0975 км. Најчесто се трча по патишта. Интересот за полумаратони и учеството на нив полека расте во последните години. Една од главните причини за тоа е предизвикот на далечината, која не бара толку посветеност и издржливост како маратонот.

Атлетика
Полумаратон
Натпреварувачи на Њујоршкиот полумаратон во 2008
Светски рекорди
МажиУганда Џејкоб Киплимо 57:31 (2021)
Женимешана трка:
Етиопија Летенсенбет Гидеј 1:02:52 (2021)
само трка за жени:
Кенија Перес Џепчирчир 1:05:16 (2020)[1]

Вообичаено е полумаратони да се одржуваат во исто време со маратоните, користејќи речиси иста патека од почеток до крај.

Полумаратонот не е на програмата на меѓународните натпревари како што се Олимписките игри и Светските првенства . IAAF (Меѓународно здружение на атлетски сојузи) го организира Светското првенство во полумаратон секоја година од 1992 година, со исклучок на 2006 и 2007 година. Во тие години полумаратонот бил заменет со трка на 20 километри, но во 2008 година, повторно е вратен полумаратонот.

Полумаратонот денес е спортската дисциплина со најголем раст на бројот на учесници. Една од најважните причини за тоа е предизвикот што го претставува полумаратонот, а во исто време не бара претерано вложување на време.

Светски рекорди

уреди

Иако натпреварите во оваа дисциплина се одржувале и претходно, првиот светски рекорд во полумаратон бил признат од ИААФ (Меѓународното здружение на атлетски сојузи) во 1977 година. Актуелниот машки рекорд е 57:31 минути и бил поставен од Џејкоб Киплимо од Уганда во 2021 година. Кај жените, рекордот го држи Летенсенбет Гидеј од Етиопија со време 1:02:52, а постигнат е во 2021 година.

Познати полумаратони

уреди

Наводи

уреди
  1. „Peres JEPCHIRCHIR athlete profile at World Athletics“. Посетено на 2021-08-23.
  2. „полумаратон“Дигитален речник на македонскиот јазик

Надворешни врски

уреди