Полиција на Обединетите нации
Полицијата на Обединетите нации (UNPOL) е составен дел од мировните операции на Обединетите нации. Во моментов, околу 11,530 полицајци на ООН од над 90 земји се распоредени во 11 мировни операции на ООН и 6 специјални политички мисии.[2]
Полиција на Обединетите нации „UNPOL“ |
||
---|---|---|
Мапа на Земји членки на Обединетите нации.a
|
||
Седиште | Интенационална територија Менхетн Њујорк Сити | |
Службени јазици | ||
Членство | 193 земји членки | |
Лидери | ||
• | Генерален секретар | Антонио Гутереш |
• | Заменик-Генерален секретар | Жан-Пјер Лакроа |
• | Полициски советник на Обединетите нации | Луис Кариљо |
Основана | ||
• | Повелба на ООН потпишана на | 26 јуни 1945 |
• | Повелбата е правосилна од | 24 октомври 1945 |
Страница police.un.org |
||
а. | Мапата не ги претставува ставовите на нејзините земји членки или на ООН во врска со правниот статус на која било земја,[1] ниту точно ги означува владите на кои што области имаат застапеност на ООН. |
„Мисијата на полицијата на ООН е подобрување на меѓународниот мир и безбедност преку поддршка на земјите членки во конфликтни, постконфликтни и други кризни ситуации за реализирање на ефективни, ефикасни, претставителни и одговорни полициски служби кои му служат и го штитат населението“.[3]
Резиме
уредиУште од 60-тите години на минатиот век, земјите членки на Обединетите нации придонесуваат со полицајци во мировните операции на Обединетите нации. Полициските задачи на овие операции првично биле ограничени на следење, набљудување и известување, но до раните 90-ти години на минатиот век биле одобрени советувања, менторирања и обуки на овие лица за активностите на мировните операции. Полицијата на ООН, овластена од Советот за безбедност на ООН[4] според владеењето на правото и меѓународните човекови права, треба да одржува јавен ред, да го штити животот и имотот на луѓето како целосна или делумна замена на полициските сили на земјата во која престојуваат.[2]
Полицијата на ООН се состои од Формирани полициски единици (FPU),[5] поединечни полициски службеници (IPO),[6] специјализирани тимови и цивилни експерти, извршуваат полициски пристапи ориентирани кон заедницата и разузнавањето за да придонесат кон заштитата на цивилите и човековите права; препознавање, меѓу другото, на сексуално и родово насилство, сексуално насилство поврзано со конфликти и сериозен и организиран криминал; и спроведување на истраги, специјални операции и обезбедување при државните избори (S/2016/952).
Полицијата на Обединетите нации обезбедува сеопфатни и кохезивни заштитни и менторски услуги во 18 мировни мисии на глобално ниво:[5][7]
- Средна Америка
- Хаити (MINUSTAH)
- Африка
- Азија
- Европа
Во Косово и Источен Тимор, полицијата на ООН добила извршен мандат за заштита на редот и законот додека трае основањето на нивните домашни полициски служби. Полициската мисија на ООН на Косово помогнала во успешното формирање на косовската полициска служба. Во Источен Тимор, полицијата на ООН се вратила во својата традиционална улога на советување и надгледување на операциите, оставајќи ги областите во земјата на авторитетот на Националната полиција. Од 90-те години, бројот на полициски службеници на Обединетите нации во акција значително се зголемил од 5,233 во март 1993 година на 14,703 распоредени во март 2011 година и се намалил на 11,963 во март 2017 година.
Полицијата на ООН може да се распореди заедно со воениот персонал или самостојно. Преку Глобалната фокусна точка за полиција, правда и исправки, полициските службеници на Обединетите нации од Полицискиот оддел за постојан капацитет на Обединетите нации, исто така им помагаат на тимовите на земји на ООН, водени од Резидентниот координатор на ООН.
Должности
уредиДолжностите и улогите на полицијата на ООН (UNPOL) во мировна операција или во специјална политичка мисија можат да варираат во зависност од реалноста на секоја мисија.
Полициските институции на државите домаќини, честопати, се воглавно одговорни за врската помеѓу владата и безбедносните прашања.[8] Затоа, UNPOL игра важна улога во градењето на капацитетите на полициските институции на земјите домаќини и другите агенции за спроведување на законот, особено во конфликтни и постконфликтни ситуации, вклучувајќи техничка помош, со-локација, и програми за обука и менторство, каде што ќе е наложено.
Во суштина, постојат три различни категории за работа во полицијата на Обединетите нации:
1) Како поединечен полициски службеник (IPO): IPO е привремено испратено, поединечно лице, кое работи во рамките на Обединетите нации и го споделува своето знаење со полициските институции од земјите домаќини. Напорите на Обединетите нации се да донесат високо специјализирани офицери во областите на мисиите. Некои од условите за работење како поединечен полициски службеник, на пример, се дека лицето треба да има најмалку 25 години, со максимум до 62 години, и со минимално полициско работно искуство од 5 години.[9]
2) Како дел од Формирана полициска единица (FPU): Улогите на FPU вклучуваат контрола на толпи и заштита на имоти на ООН. FPU функционира како единица пред да биде распоредена во мировна операција.[10]
3) Како стручен кадар и повисоки категории: Овој вид назначување може да овозможи на секој човек да започне кариера во Обединетите нации и честопати е потребно магистерско или високо образование. Платите се повисоки и тука спаѓаат посебни функции во мисијата како Началници и Високи полициски советници.
Исто така, UNPOL може да биде одговорен и за:
- Развој на политика и насочување: Создавање политики и насочувања и дефинирање на параметрите на меѓународното полициско миротворство.
- Стратешко планирање: Зајакнување на ресурсите и способноста на Полициската дивизија за спроведување на стратешко планирање.
- Процеси за избор и регрутирање: Подобрување на напорите за регрутирање, избор, распоредување и ротирање на високо квалификуван персонал во мисиите. Зголемување на бројот на жени офицери во полициската служба на ООН.
- Оперативна поддршка на мисиите преку постојан полициски капацитет: Зголемување на делотворноста на оперативната поддршка обезбедена од постојаниот полициски капацитет.
- Реагирање кон сексуално и родово насилство (SGBV): Зајакнување на реакцијата кон сексуалното и родовото насилство и создавање на насоки кои би помагале на полицајците.
- Глобално водство, партнерство и регионална соработка: водење на областа на меѓународно полициско работење и развој на партнерства за поефикасно доставување на наложеното (мандатите).
Тековни операции
уредиКанцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации (OCHR) ја изрази својата длабока загриженост за прекумерната употреба на сила од страна на безбедносните сили на Гвинеја против демонстрантите пред долго одложените претседателски избори. Еден човек беше убиен, а повеќе од 60 други беа повредени кога владините сили употребија оган во обид да ги задушат демонстрациите во главниот град Конакри.
Канцеларијата соопшти дека иако ја уважува тешката задача на властите да се справат со демонстрациите, кои во некои случаи се претворија во насилство, вклучително и фрлање камења. Понатаму, верува дека владините сили извршиле сериозни повреди на правата со неселективно пукање во невооружени цивили, понекогаш и на дистанца од мртва точка; грабежи во приватни домови; и жестоко тепање на млади момчиња кои не даваат никаков отпор. Се чини дека некои од операциите на безбедносните сили се неселективно насочени кон цели области и се направени малку напори за да се направи разлика помеѓу насилните демонстранти и оние кои не учествувале во демонстрациите, велат OCHR. Исто така, потврдено е дека на непознат број луѓе произволно им биле неназначени адвокати, кршејќи го и законот.
Генералниот секретар Бан Ки Мун и Советот за безбедност започнаа остро да го осудуваат самоубиствениот напад врз комплексот на Обединетите нации во западниот авганистански град Херат, каде што се сместени членовите на персоналот на мисијата на ООН во земјата и други агенции. Нема жртви меѓу вработените во ООН, но некои чувари биле ранети, се вели во изјавата на портпаролот на генералниот секретар. Во нападот загинале голем број напаѓачи, а ООН спроведува целосна истрага. Покрај тоа, Мисијата за помош на ООН во Авганистан (UNAMA) исто така го осуди нападот и истакна дека Организацијата е во земјата за да ги поддржи напорите за враќање на мирот и да обезбеди хуманитарна и развојна помош на луѓето. Сепак, нападот не ги наруши активностите на ООН во Херат.
Обединетите нации се подготвени да го помогнат претстојниот референдум на кој ќе се одлучи дали јужен Судан ќе прогласи независност од најголемата африканска земја, во скорешна изјава на официјален претставник на светската организација, а регистрацијата на гласачите треба да започне за две недели. За време на денот на гласањето, повеќе од 3,000 комплети за регистрација за дистрибуција во јужен Судан и 840 комплети за северот, заедно со книги за регистрација и картички, биле предадени на SSRC и нивното биро во Јуба, јужниот главен град.
Временска рамка
уреди- 1960 година: Втор бран полицајци се користат во Операцијата во Конго на Обединетите нации
- 1964 година: Е забележан првиот пат кога официјалната полиција се користи во мировните сили на ООН на Кипар
- 1989 година: Зголемена е употребата на полицијата на ООН заради крајот на Студената војна.
- 1995 година: Полицијата на ООН е клучна во мисијата на ООН во Босна и Херцеговина.
- - Призната како централна алатка за помагање на земјите да се опорават од конфликти
- 1999 година: Полицијата на ООН е распоредена на Косово
- 2000 година: 5,840 Полицајци на ООН се во мировни мисии
- 2006 година: Воспоставен е Постојаниот капацитет
- 2007 година: FPU составена од еднаков број на жени и мажи е испратена од Индија во Либерија
- - Офицери се испраќаат и во Дарфур
Функции
уредиНекои од функциите на полицијата на ООН вклучуваат:
- Привремено спроведување на законот
- Одговорни за полициско работење и за сите спроведувања на законот. Некои примери се операциите во Косово и Источен Тимор
- Формирани полициски единици
- Се користат за контрола на толпи и задушување на немири
- Заштита на персоналот на ООН
- - Работат во тандем со локалното спроведување на законот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „The World Today“ (PDF). Посетено на 18 June 2009.
The designations employed and the presentation of material on this map do not imply the expression of any opinion whatsoever on the part of the Secretariat of the United Nations concerning the legal status of any country
- ↑ 2,0 2,1 „The mission of UN police | United Nations Police“. police.un.org. Посетено на 2020-03-24.
- ↑ United Nations (10 November 2016). Report of the Secretary-General on United Nations policing. New York: United Nations. стр. 6. Посетено на 15 June 2017.
- ↑ „United Nations Security Council |“. www.un.org. Посетено на 2020-03-23.
- ↑ 5,0 5,1 „Formed police units (FPUs) | United Nations Police“. police.un.org. Посетено на 2020-03-24.
- ↑ „Individual Police Officers | United Nations Police“. police.un.org. Посетено на 2020-03-24.
- ↑ „United Nations Police“. police.un.org. Посетено на 2020-03-24.
- ↑ „United Nations Official Document“. www.un.org. Посетено на May 8, 2020.
- ↑ „Police Officer, are you eligible? | Be a peacekeeper“. www.beapeacekeeper.com. Архивирано од изворникот на 2020-10-27. Посетено на May 8, 2020.
- ↑ „FPU assessment - FPU exam | Be a peacekeeper“. www.beapeacekeeper.com. Архивирано од изворникот на 2020-10-26. Посетено на May 8, 2020.