Административна поделба на Ерменија
Ерменија е поделена на 11 административни единици, од кои 10 се покраини (մարզեր марзер, еднина: մարզ марз) и Ереван, кој има посебен статус како главен град на земјата.
Секоја покраина има свој управник (марзпет) назначен од владата. На чело на Ереван стои градоначалникот, кој е назначен од претседателот.
Покраините понатаму се делат на општини.
Покраини
уредиСледува список на покраините со бројот на населението, површината која ја зафаќаат и густината на населеност.[1]. Во површината на покраината Гехаркуник е вброено и езерото Севан.
Покраина | Население (2011) |
% | Површина (км2) |
Густина (жит./км2) |
Градски општини |
Селски општини |
Админ. центар |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Арагацотн | 132.925 | 4,4% | 2.756 | 48 | 3 | 111 | Аштарак |
Арарат | 260.367 | 8.6% | 2.090 | 125 | 4 | 93 | Арташат |
Армавир | 265.770 | 8,8% | 1.242 | 214 | 3 | 94 | Армавир |
Вајоц Ѕор | 52.324 | 1,7% | 2.308 | 23 | 3 | 41 | Ехегнаѕор |
Гехаркуник | 235.075 | 7,8% | 5.349 | 44 | 5 | 87 | Гавар |
Ереван | 1.060.138 | 35,1% | 223 | 4.754 | 1 | — | — |
Котајк | 254.397 | 8,4% | 2.086 | 122 | 7 | 60 | Храздан |
Лори | 235.537 | 7,8% | 3.799 | 62 | 8 | 105 | Ванаѕор |
Сјуник | 141.771 | 4,7% | 4.506 | 32 | 7 | 102 | Капан |
Тавуш | 128.609 | 4,3% | 2.704 | 48 | 5 | 57 | Иџеван |
Ширак | 251.941 | 8,3% | 2.680 | 94 | 3 | 116 | Ѓумри |
Општини
уредиСекоја покраина е составена од општини. Секоја општина има своја самоуправа и опфаќа едно или повеќе населени места, кои можат да бидат градски или селски. Во 2007 г. Ерменија имала 915 општини, од кои 49 градски и 866 селски. Статус на општина има и главниот град Ереван.[2] Покрај тоа, Ереван е поделен и на полуавтономни реони.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Покраини: површина, население и густина — Национална статистичка служба на Ерменија
- ↑ „Органи на покраинската управа“. Влада на Република Ерменија. Архивирано од изворникот 2008-04-20. Посетено на 2008-09-11.