Пожар во Богородичната црква (Париз)
На 15 април 2019 година околу 18:50 ч. (CET) избувнал пожар на покривот на Богородичната црква во Париз, Франција, предизвикувајќи огромна штета.
Црквата во пожар | |
Датум | 15 април 2019 |
---|---|
Време | околу 18:50 CEST |
Одржувалиште | Богородична црква |
Место | Париз, Франција |
Координати | 48°51′11″N 2°20′59″E / 48.8530° СГШ; 2.3498° ИГД |
Причинител | непознато |
Починати | непознато |
Заднина
уредиПричината за пожарот е сè уште непозната. Се претпоставува дека има поврзаност со реновирањето на објектот, откако во 2018 година имало ургентен апел за реставрација и одржување на објектот.[1] Бронзените статуи биле отстранети од внатрешноста на црквата во подготовките за реновирањето.[2]
Инцидентот
уредиПожарот се претпоставува дека избувнал околу 18:50 во време кога црквата е отворена за туристите. Околу 18:15 и 19:00 истиот ден била закажана миса. Четиристотини пожарникари биле мобилизирани за да се борат со огнената стихија. Тие изјавиле дека не се употребуваат канадери затоа што може да се оштети целосната структура на црквата.
Реакции
уредиГрадоначалниката на Париз, Ане Идалго порача на жителите да ја избегнуваат областа која е означена од страна на пожарникарските служби.
Меѓународни реакции
уредиСветските водачи и влади, вклучувајќи го и Ватикан, Ангела Меркел, Тереза Меј, Доналд Трамп и Ерна Солберг изразија жалење за настанатата штета и за потенцијалната загуба на вековното обележје.
Наводи
уреди- ↑ „Notre-Dame: Cracks in the cathedral“. BBC News. 5 March 2018. Посетено на 15 April 2019.
- ↑ „Notre-Dame Cathedral spire in Paris collapses, engulfed in flames“. CBC News. Thomson Reuters. 15 April 2019. Посетено на 15 April 2019.
Надворешни врски
уреди„Пожар во Богородичната црква (Париз)“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место (француски) (англиски)