Под лупа (филм од 2015)

Под лупа (англиски: Spotlight) - американски филм од 2015 година, во режија на Томас Мекарти, кој е автор и на сценариото заедно со Џош Сингер. Главните улоги ги играат: Марк Рафало, Мајкл Китон, Рејчел Мекадамс, Лив Шрајбер, Џон Слатери и Стенли Тучи. Во 2016 година, филмот бил награден со „Оскар“ за најдобар филм и за најдобро сценарио, а бил номиниран уште во четири категории. Исто така, филмот ја освоил и наградата „БАФТА“ за најдобро сценарио. Филмот е снимен според вистински настан: новинарската група наречена Spotlight го истражувала скандалот со долгогодишната сексуална злоупотреба на малолетници од страна на католичките свештеници во Бостон. За оваа репортажа, во 2003 година, весникот The Globe ја добил Пулицеровата награда.[1]

Содржина

уреди

Во филмот се зборува за новинарската истрага од 2001 година во која весниците го откриле педофилскиот скандал на католичките свештеници во Бостон, а сето тоа надбискупијата го премолчувала со години.[2]

Наводи

уреди

|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>