Пластик Бертран

белгиски музичар

Роже Франсоа Журе (француски: Roger François Jouret; роден на 24 февруари 1954),[1] познат под уметничкото име Пластик Бертран (француски: Plastic Bertrand) ― белгиски музичар, текстописец, продуцент, уредник и телевизиски презентер, најпознат по светскиот хит-сингл од 1977 година „Ça plane pour moi“.

Пластик Бертран
Пластик Бертран во 2021
Животописни податоци
Родено имеРоже Франсоа Журе
Роден(а)24 февруари 1954(1954-02-24)(70 г.)
ПотеклоБрисел, Белгија
ЖанровиПанк, нов бран
ИнструментиГлас, Тапани
Период на активност1977–денес
ИздавачиSire Records – 1978
RKM – 1979
Attic Records – 1980-84
RM Records – 2002
СоработнициHubble Bubble
Мреж. местоPlasticBertrand.com

Животопис

уреди

Журе бил роден во Брисел; татко му бил Французин, а мајка му Украинка. На деветгодишна возраст станал пејач и тапанар во The Buffalo Scouts Band, група која ја основал со негови колеги-извидници и која изведувала песни од Ролинг Стоунс. Потоа основал група под името The Pelicans, која настапувала на забави. Тие го промениле името во „Passing the Time“, и свиреле во барови, клубови и на фестивали долж холандскиот и белгискиот брег.

Дипломирал музичка теорија и удирачки инструменти на Музичката академија во Белгија. Додека чекал да го примат на Кралскиот конзерваториум за музика во Брисел, една година студирал дизајн во институтот Сен Лук.

Под влијание на панк-движењето, во 1974 година ја основал групата Hubble Bubble. Во 1975 година, групата го издала првиот од двата албума, исто така насловен Hubble Bubble. Басистот на групата загинал во несреќа враќајќи се од проба, а групата се распаднала.

Како Пластик Бертран

уреди

Во 1977 година, на Роже Журе му биле понудени две песни: „Jet Boy, Jet Girl“ со текст на англиски јазик и „Ça plane pour moi“ со текст на француски. Француската верзија од песната станала светски-хит, лансирајќи го како соло-музичар под новото уметничко име Пластик Бертран.

Од 1982 до 1985 година Пластик Бертран живеел во Милано. Заедно со Даниел Балавоин и Анни-Фрид Лингстад од АББАучествувал во музичката бајка за деца „Абакадабра“ (во улогата на Пинокио). Во раните 1980-ти, глумел во филмовите Легитимно насилство и краткиот филм Бaуm . Работејќи со Владимир Косма, тој напиша неколку филмски партитури, меѓу кои и Астерикс и изненадување од Цезар ( Астерикс наспроти Цезар ).

Во 1987 година, го претставувал Луксембург на Изборот за песна на Евровизија со песната „Amour, Amour“. Сепак, освоил само четири поени и се пласирал на 21 место од дваесет и две земји-учеснички.

Наводи

уреди
  1. „Plastic Bertrand“. Discogs.com. Посетено на 23 January 2020.

Надворешни врски

уреди