Планински чај (научSideritis scardica) — едногодишно растение кое расте на високите планини на Балканскиот Полуостров. Позната е во народната медицина по своите лековити својства.

Планински чај
Китка планински чај
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Астериди
Ред: Усноцветовидни
Семејство: Усноцветни
Род: Железници
Вид: Планински чај
Научен назив
Sideritis scardica
Griseb.

Потекло на поимот

уреди

Научното име доаѓа од грчкиот збор за σιδηρίτις (сидеритис) со значење „железен“, и изведенката од латинскиот назив за Шар ПланинаScardus.

Животна средина

уреди

Расте на поголема надморска височина во суви предели, на песоклива почва, на карпи или карпести пукнатини. Цвета од јуни до август во зависност од регионот и надморската виснина.

Во различни региони виреат разни подвидови познати под повеќе имиња: шарпланински чај, пирински чај, овчарски чај, итн.

Најмногу го има на високите планински пасишта најчесто на висина над 1500 метри н.в. Може да се одгледува и во вештачки услови во алеи со песок, или масовно да се сади на планинските пасишта.

Постојат неколку слични видови од истиод род за кои не е јасно дали се посебни видови или подвидови[1].

Бидејќи билката расте во изолација во високите планинските предели, и монгу често секој вид/подвид е ендемски за таа планинска верига. Кај нас е познато дека чајот што се бере на Галичица е малку различен на вкус и изглед од тој на Шара и Бистра. Исто така може да се најде на осторовите во Егејското Море, најмногу на Крит.

Употреба

уреди

Планинскиот чај е високоценета билка во народната медицина. Се употребува како универзален лек против настинки, грип и за целокупно јакнење на имунолошкиот систем. Научните истражувања покажуваат дека е богат со антиоксиданси и може да се користи за превенција и борба против рак. Исто така докажано е дека делува против бактерии и воспаленија, а може да се користи и како алтернативен лек против остеопороза[2].

Растението со своите лековите својства било познато уште од античко време [3]. Со популаризацијата на алтернативната медицина, станува сè попопуларно поради своите антиканцерогени својства. Во Грција е брендиран и заштитен како „грчки планински чај“ и се извезува на големо како билошки здрава храна и алтернативен лек.

Кај нас сè помалку може да се најде на планините. Дивите берачи го берат во големи количини, уште пред целосно да расцвета. Се продава исушен во снопчиња по пазарите, и сè повеќе се одгледува во вештачки услови.

Наводи

уреди
  1. Figuerola, R.; Stübing, G.; Peris, J. B. (1991). „Nomenclature and Typification of Sideritis angustifolia and S. Tragoriganum (Lamiaceae, Spain)“. Taxon. 40 (1): 123–129. doi:10.2307/1222936. JSTOR 1222936.
  2. Villar A, Recio MC, Ríos JL, Zafra-Polo MC (1986). „Antimicrobial activity of essential oils from Sideritis species“. Pharmazie. 41 (4): 298–9. PMID 3523549. Укажано повеќе од еден |number= и |issue= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012. Посетено на 13 септември 2010.

Надворешни врски

уреди