Плаканскиот мост (грчки: Γεφύρι της Πλάκας, Гефири тис Плакас) ― камен еднолаковен мост од 19 век во Грција кој се урнал за време на поплавите на 1 февруари 2015 година и повторно бил изграден во 2020 година.

Плакански мост
Γεφύρι Πλάκας
Мостот во 2011 година
Координати39°27′38″N 21°01′48″E / 39.46056° СГШ; 21.03000° ИГД / 39.46056; 21.03000
НосиПешаци (Пешачки мост)
ПреминуваАрахтос
МестоАрта и Јанина, Грција
СопственикМинистерство за култура и спорт
Особености
МатеријалКамен
Вкуп. должина61 м или
75 м
Ширина3.20 м
Висина&1000000000000002100000021 м
Распони1
Носачи во вода2
Историја
Завршен1866 (1866), 2020
Се срушил1860, 1863, 2015
Местоположба
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found

Се наоѓа на границите на окрузите Арта и Јанина, над водите на реката Арахтос. Административно припаѓа на заедницата Плака-Рафтанeон.[1] Со својот лак од 40 м ширина и 17.61 м висина,[1] тој бил најголемиот еднолаковен мост во Грција[2] и на Балканот,[3][4] и трет по големина еднолаковен камен мост во Европа.[5] Имаше и два мали помошни сводови од 6 м ширина на неговите две страни.[6] Бил сметан за „еден од најтешките еднолаковни мостови за изградба“.[4]

Мостот бил почетна точка за сплаварење и кајакарство на реката Арахтос.

Историја

уреди

Изградба

уреди

Мостот бил изграден по наредба на османлискиот султан Абдул Азиз,[3] и бил завршен во 1866 година под надзор на познатиот месен градител Костас Бекас (грчки: Κώστας Μπέκας)[1][4][7] од блиското село Праманта.[5] Двата претходни обиди на други градители во 1860 и 1863 година се покажале неуспешни,[4] со уривање на мостот за време на изградбата (во 1863 година се урнал на самиот ден на неговото отворање).[6] Трошоците за изградба, 180.000 куруши, биле покриени од месните заедници и богатиот трговец Јоанис Лулис.[5]

Во служба

уреди
 
Плаканскиот мост минуван од туристи.

На 3 февруари 1878 година, за време на противотоманскиот бунт од таа година, грчките трупи под команда на Константинос Котикас го поразиле турскиот гарнизон на мостот и ги натерале да се повлечат.[8]

Помеѓу 1881 и 1912 година (Првата балканска војна), мостот ја означувал границата помеѓу Кралството Грција и Отоманската Империја, а покрај него била подигната и царинска зграда[9] која сè уште постои.[5] Исто така, во близина на мостот имало истурена станица на грчката војска и гостилница.[8] Мостот порано бил трговска рута, поврзувајќи ја Цумерка со Епир и Тесалија.[10]

За време на Втората светска војна бил бомбардиран од Германците и го издржал бомбардирањето со мала штета.[4] Месните жители го поправале користејќи цемент во 1943 година.[10] На 29 февруари 1944 година, за време на окупацијата на Грција, Договорот од Плака бил потпишан во близина на мостот меѓу вооружените групи на грчкиот отпор, ЕАМ, ЕДЕС и ЕККА.[9] Според договорот, групите на отпорот се согласиле да се воздржат од прекршување на територијата на едни со други, а сите идни воени напори ќе бидат насочени против Германците. Ова го означило крајот на „првиот круг“ на грчката граѓанска војна, која започнала на 12 октомври 1943 година.[11]

И покрај двете мали 6 метарски широки релјефни лакови,[1] дебелина на врвот на мостот од 1.56 м се смета за мал од стручњаците, предизвикувајќи концентрација на хоризонтални напрегања во регион каде што може да се најде пукнатина од 15 см.[12]

За време на обилните дождови во 2007 година, мостот за малку ќе се урнел, а се размислувало за реставрација, но не било преземено, што предизвика критики во јавноста.[4]

Уривање (2015)

уреди

Мостот, кој бил еден од највпечатливите примери на грчката народна архитектура, се урнал на 1 февруари 2015 година. Поплавата предизвикана од обилните врнежи[13] предизвикала реката Арахтос да ги откорне темелите на мостот од речните брегови[14] довела до уривање на средишниот дел од мостот и измивање.[13] Следниот ден, заменикот министер за инфраструктура Христос Спирцис и претставници на Министерството за култура отпатувале во регионот за да ја проценат ситуацијата и објавиле дека е технички изводливо да се обнови историскиот мост.[10] Стручњаците ја процениле штетата. Било речено дека материјалите ќе бидат извлечени од реката штом ќе падне нивото на водата.[9]

Од јули 2020, со реставрација е завршен, подржана од Националниот технички универзитет Атина, и преизградениот мост бил завршен во летото 2020.[15][16]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Leftheris et al. (2006), p. 148
  2. „Plaka Bridge“. odysseus.culture.gr. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 27 ноември 2021.
  3. 3,0 3,1 „Greece to restore Ottoman-era bridge“. Anadolu Agency. 2 јануари 2015. Посетено на 27 ноември 2021.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 „Floods bring down Ottoman bridge in Balkans“. 2 јануари 2015. Посетено на 27 ноември 2021.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 „Κατσανοχώρια: Εξώστης στον Αραχθο“. ethnos.gr (грчки). Ethnos Online. Посетено на 27 ноември 2021.
  6. 6,0 6,1 Hellenic Ministry of Culture and Sports. „Plaka Bridge“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 27 ноември 2021.
  7. Τι μάθαμε για τον Πρωτομάστορα Κώστα Μπέκα μέσα από την αναστήλωση του Γεφυριού της Πλάκας
  8. 8,0 8,1 „Ο Αραχθος "κατάπιε" το γεφύρι των θρύλων“. ethnos.gr (грчки). Ethnos Online. Посетено на 27 ноември 2021.
  9. 9,0 9,1 9,2 „Pledge to restore historic Plaka Bridge, destroyed in flash floods“. 2 февруари 2015. Посетено на 27 ноември 2021.
  10. 10,0 10,1 10,2 Zikakou, Ioanna (2 февруари 2015). „Historic Bridge in Arta to Be Rebuilt After Collapse“. Greek Reporter. Посетено на 27 ноември 2021.
  11. Shrader, Charles R. (1999). The Withered Vine: Logistics and the Communist Insurgency in Greece, 1945-1949 (англиски). Greenwood Publishing Group. стр. xviii, 35. ISBN 9780275965440.
  12. Leftheris et al. (2006), p. 149 f.
  13. 13,0 13,1 Angwin, Richard (2 февруари 2015). „Flash floods hit Greece and Albania“. Ал Џезира. Посетено на 27 ноември 2021.
  14. „Historic bridge of Plaka, Arta collapses due to heavy rains“. Посетено на 27 ноември 2021.
  15. Alexis Gaglias (13 октомври 2019). „Αναστηλώνοντας την Γέφυρα της Πλάκας“ (грчки). Huffington Post Greece. Посетено на 27 ноември 2021.
  16. Alexis Gaglias (11 јули 2020). „H Γέφυρα της Πλάκας «στεφανώνει» ξανά τον Άραχθο: Φωτογραφική αναδρομή στην Ιστορία“ (грчки). Huffington Post Greece. Посетено на 27 ноември 2021.

 

Надворешни врски

уреди

Видеа

уреди