Пладне (филм од 1968)
„Пладне“ (српски: Подне) — југословенски филм од 1968 година, во режија на Младомир Пуриша Ѓорѓевиќ, кој е автор и на сценариото. Филмот претставува еден вид продолжение на неговото претходно дело „Утро“, односно завршен дел на циклусот што го сочинуваат уште филмовите „Девојка“ и „Сон“, а кои на ироничен и иконокластичен начин го обработуваат доаѓањето на комунистите на власт за време на Втората светска војна и по нејзиното завршување. Исто така, тој е првиот филм чија тема е судирот меѓу Тито и Сталин. Главните улоги ги играат: Милена Дравиќ, Љубиша Самарџиќ, Љуба Тадиќ, Мија Алексиќ, Фарук Беголи и Душица Жегарац.[1]
Синопсис
уредиВо филмот се прикажува љубовта меѓу еден Рус, кој работи како службеник на советската амбасада, и една девојка од Југославија. Веднаш по нивната прва брачна ноќ, радиото ја соопштува веста за судирот меѓу комунистичките партии на Југославија и СССР. Таа вест значи крај на нивната врска со мали надежи дека ќе се сретнат повторно.