„Утро“ (српски: Јутро) — југословенски филм од 1967 година, во режија на Младомир Пуриша Ѓорѓевиќ, кој е автор и на сценариото. Филмот претставува еден вид продолжение на неговото претходно дело „Утро“, односно завршен дел на циклусот што го сочинуваат уште филмовите „Девојка“ и „Сон“, а кои на ироничен и иконокластичен начин го обработуваат доаѓањето на комунистите на власт за време на Втората светска војна и по нејзиното завршување. Исто така, тој е првиот филм чија тема е судирот меѓу Тито и Сталин. Главните улоги ги играат: Милена Дравиќ, Љубиша Самарџиќ, Љуба Тадиќ, Мија Алексиќ, Фарук Беголи и Неда Арнериќ.[1]

Синопсис

уреди

Штотуку завршената војна оставила длабоки траги врз луѓето. Минувајќи низ различни судири во текот на првите денови по ослободувањето и низ пресметката со предавниците и со поранешните соработници на окупаторот, еден поранешен војник продолжува со убивањето, дури и за време на мирот така што војната продолжува како внатрешна борба меѓу него и луѓето околу него.

Наводи

уреди