Сон (филм од 1966)
„Сон“ (српски: Сан) — југословенски филм од 1966 година, во режија на Младомир Пуриша Ѓорѓевиќ, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Михаило Јанкетиќ, Љубиша Самарџиќ, Оливера Катарина, Мија Алексиќ и Љуба Тадиќ. Според темата и стилот, филмот се надоврзува на претходниот филм на Ѓорѓевиќ, „Девојка“, а заедно со уште два негови филма, „Утро“ и „Пладне“, го сочинува еден од најпознатите циклуси на југословенскиот „црн бран“. „Сон“ бил југословенски кандидат на 17. Меѓународен филмски фестивал во Берлин.[1]
Синопсис
уредиВо 1941 година, Чачак и Ужице се слободни градови. Една девојка и едно момче сонуваат за поубава иднина, но војната им ги прекинува соништата. Германската војска повторно ја освојува областа, партизаните се повлекуваат, а зад нив остануваат многу мртви...