Питон де Неж
Питон де Неж — штитест вулкан кој се наоѓа во Реинион, еден од француските вулкански острови во архипелагот Маскарен во југозападниот дел на Индискиот Океан. Со надморска височина од 3.069 метри, Питон де Неж се наоѓа на околу 800 километри источно од Мадагаскар. Питон де Неж е највисоката точка на Реинион и се смета за највисока точка во Индискиот Океан. Вулканот бил формиран и се појавил од морето пред околу две милиони години. Денес е длабоко еродиран и неактивен веќе 20.000 години и е опкружен со три масивни долини на кратерот. Питон де Неж ги формира северозападните две третини од Реинион, заедно со повеќе активниот Питон де ла Фурнес. И покрај неговото име, снег практично никогаш не паѓа на врвот.
Питон де Неж | |
---|---|
Снежен врв | |
Питон де Неж, октомври 2003 | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 3070 м [1] |
Истакнатост | 3070 м [1] 82-ро место |
Заведена како | Ultra |
Координати | 21°05′54″S 55°28′51″E / 21.09833° ЈГШ; 55.48083° ИГД |
Име | |
Друго име | Снежен врв |
Превод | Снежен врв (француски) |
Географија | |
Геологија | |
Старост на карпата | Плиоцен |
Вид | штитест вулкан |
Последен избув | 20,000 години |
Вулканскиот остров се смета дека е стар околу три милиони години и дека бил формиран во текот на Плиоценот. Другите два острови во архипелагот, Маврициус и Родригеш се стари околу 7,8 милиони години, формирани во текот на Миоценот. Островот поседува висок ендемизам на цветни растенија (околу 225), кое го оправдува создавањето на биолошки резерват на долните падини на Питон де Неж.
Геологија
уредиГеолошката историја на Питон де Неж е поврзана со формирањето на островот Реинион. Научниците генерално се согласуваат дека создавањето на вулканот се одвивало во две фази. Првата фаза кореспондира со формирањето на штитестиот вулкан кој ја воспоставил основата на денешниот вулкан. Оваа фаза се одвивала пред околу 5 до 7 милиони години. Најстарите копнени карпи се смета дека се на околу 2,1 милиони години.
Втората фаза се случила пред 450,000 до 350,000 години, кога вулканот бил мошне активен и кога бил формиран денешниот релјеф на планината.
Клима
уредиТемпературите на врвот се мали, но задржувањето на снегот не е често, со просек од околу еден ден снег на секои три години. Во последниве години, тоа се случило во август 2003 година, кога имало обилни снежни врнежи, на 10 октомври 2006 година, кога се случила и ерупцијата на Питон де ла Фурнес, на 27 септември 2007 и на 4 јуни 2013 година.
Туризам
уредиПостојат три среднотешки патеки што водат до врвот: Салази, Силао и Сафреш. Искачувањето кон врвот започнува од Силао и трае околу 6,5 часа нагоре и 4 часа надолу. Искачувањето од планината Сафреш е околу 8 часа нагоре и 5 часа надолу.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 "Africa Ultra-Prominences" Peaklist.org. Retrieved 2011-11-19. Note: Some sources give an elevation of 3,071 m for this peak.
Надворешни врски
уреди„Питон де Неж“ на Ризницата ? |