Сојомбо писмо

(Пренасочено од Писмото сојомбо)

Сојомбо писмото (монголски: Соёмбо бичиг/ soyombo bichig) е писмо развиено од монголските монаси и научникот Ѕанабаѕар во 1686 година за пишување на монголски јазик. Истото писмо се користи за пишување и на тибетски јазик и санскритски јазик. Специјален знак од писмото, наречено сојомбо стана национален симбол на Монголија и е дел од знамето на Монголија од 1921 година и на грбот на Монголија од 1992 година.

Создавање

уреди

Сојомбо писмото било создадено како четврто писмо за пишување на монголски јазик, само 38 години по создавањето на чистото писмо. Според постоечка легенда во Монголија, Занабазар видел знаци во вид на букви на небото што тој подоцна ги претворил во писмо за пишување. Името на писмото сојомбо е поврзано со таа легенда, па така на санскритски јазик сојомбо значи самоздадено. Писмото е слоговни и засновано на девангарското писмо, а додека формите на буквите потекнуваат од индиското ранџанско писмо. Денес не е познато за сигурно дали Ѕанабаѕар го создал писмото комплетно сам или позајмувал од други јазици.

Употреба

уреди
 
Пример за комбинација на слогови

Источните Монголци го користеле писмото само за церемонијално и декоративно писмо. Ѕанабаѕар го создал писмото за преведување на будистички текстови од санскритски или тибетски, и тој и неговите ученици го користеле само за тоа. Бидејќи писмото било премногу комплицирано за секојдневна употреба, неговата употреба денес веќе не постои. Покрај историските документи, тоа може да се најде на храмови. Исто така се користи и за изучување на монголскиот јазик и неговиот развој.

Сојомбо знакот

уреди
 
Двете варијанти на симболот Сојомбо

Монголците ги дале следните значења на елементите на симболот (од горе па надолу):

  • Огнот е симбол на богатството и успехот. Трите јазици на огнот ги претставуваат минатото, сегашноста и иднината.
  • Сонцето и месечината се стари симболи за таткото небо, а последично на тоа и потеклото на Монголците.
  • Двата триаголника потсетуваат на врв на стрела или копје. Тоа симболизира на пораз на внатрешните и надворешните непријатели на Монголија.
  • Двата хоризонтални ректијангли даваат стабилност на кружната форма. Формата претставува чесност и правичност на луѓето од Монголија, безразлика дали се на врвот или на дното од општеството.
  • Двете риби се еднакви со кинескиот јин-јанг знак, што симболизира хармонијата помеѓу мажот и жената.
  • Двата ректијангли се претставени како ѕидови на тврдина. тие претставуваат единство и сила.

Азбука

уреди
 
Монголските знаци на сојомбо писмото. Горната линија ги претставува самогласките и специјалните знаци, а долната линија ги покажува почетните и крајните согласки.

Уникод

уреди

Сојомбо не е кодиран според Уникод 5.0. Има иницијатива за вклучување во низата 11100-1113F.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди