Пиритој (грчки: Πειρίθοος) во старогрчката митологија бил крал на Лапитите, син на Зевс и Иксионовата сопруга Дија.

Митологија

уреди

Пиритој се споменува како јунак кој учествувал во кентауромахија, односно борба со кентаурите, заедно со Тезеј, Нестор, Дријант и Кенеј. Нивната борба се завршила со успех и тоа токму на денот кога Хиподамија, неговата сопруга, го родила синот Полипет.[1]

 
Сцена од венчавката на Пиритој.

Во подоцнежни преданија, тој е син на Иксион и полубрат на кентаурите. На денот на венчавката на Пиритој и Хиподамија, кентаурот Еурит (или Еуритон) опиен од вино ја обљубил невестата. Тогаш и другите кентаури се нафрлиле на лапитските жени и момчиња, но во тоа ги спречиле присутните јунаци и го убиле Еурит. По една приказна, кентаурите на овој чин ги навел богот на војната Ареј, кој био навреден или поради тога што Пиритој не му принел жртва или затоа што не го поканил на својата венчавка. По друга верзија, кентаурите и Лапитите започнале борба околу власта над еден дел од земјата од кој Пиритој не сакал да се откаже.[1]

Уште пред да се венча со Хиподамија, Пиритој сакал да го запознае Тезеј, за чии подвизи слушал. За да го предизвика му ги украл говедата, но наместо да се истепаат поради тоа, јунаците си изразиле меѓусебно воодушевување и станале верни пријатели. Тогаш се договориле дека двајцата ќе се оженат со ќерки на Зевс и дека ќе си помогнат еден на друг во тоа. Така Тезеј успеал да ја грабне и ожени Елена, ќерката на Зевс и Леда. Пиритој одлучил да се ожени со Персефона, сопругата на Ад. Тезеј прво се обидел да го одврати пријателот од таа намера, но подоцна тргнал со него во поземниот свет. Ад ги дочекал љубезно и ги сместил пред богата трпеза, но кога седнале останале приковани за столиците на Лета. Кога Херакле се симнал во поземјето, успеал да го ослободи само Тезеј. Пиритој, како главен виновник, заедно со својот татко Иксион, морал вечно да ја трпи казната; иако бил поставен пред богата трпеза, не смел да ја пипне поради најстарата фурија која ја чувала.[1]

Пиритој во некои извори се споменува и како еден од Аргонаутите и ловците на Калидонскиот вепар и како помошник на Тезеј при грабнување то на Антиопа, амазонската кралица.[1]

Пиритој во уметноста

уреди

Многу честа тема, како во монументалната, така и во занаетската уметност на стара Грција е кентауромахија. Оваа тема е прикажувана и во храмовите (Зевсовиот во Олимпија и Аполоновиот во Фигалији).[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.