Пештерски храм Бинглинг

Пештерски храм Бинглинг (упр. кин.: 炳灵寺; трад. кин.: 炳靈寺; пинјин: Bǐnglíng Sì) — низа пештери полни со будистички кипови исклепани во природни пештери во кањонот покрај Жолтата Река. Се наоѓа северно од градот каде што Жолтата Река се влева во акумулацијата Лиуџјиашја. Административно, тој е град во округот Јонгџјинг, Автономна Префектура Линшјиа Хуи, покраина Гансу, околу 100 километри југоисточно од Ланџоу. Овој храм, заедно со другите места долж Патот на свилата, бил впишан на Списокот на светско наследство на УНЕСКО во 2014 година како дел од Патот на свилата: мрежата на коридорот Чанган-Тијаншан.[1]

Пештерски храм Бинглинг
светско наследство на УНЕСКО
Големиот Буда Маитреја
МестоОкруг Јонгџјинг, Автономна Префектура Линшјиа Хуи, Гансу, Кина
Дел одПатот на свилата: мрежата на коридорот Чанган-Тијаншан
КритериумКултурно: ii, iii, iv, vi
Навод1442-027
Запис2014 (XXXVIII заседание)
Површина132,62 ха
Преоден појас2.044,37 ха
Координати35°48′38″N 103°02′54″E / 35.81056° СГШ; 103.04833° ИГД / 35.81056; 103.04833
Мали релјефни фигури

Пештерите се изградени пред повеќе од илјадалетие. Првата пештера започнала да се гради околу 420 година од нашата ера, при крајот на кралството Западен Чјин. За време на династиите Веи, Суи, Танг, Сонг, Јуан, Минг и Чјинг биле додадени повеќе пештери. Стилот на секоја пештера лесно се препознава и може да се поврзе со типичните уметнички дела на соодветната династија. Храмот Бинглинг е стилски и географски средишна точка помеѓу монументалните Буди од Бамијан во Авганистан и будистичките пештери во Средна Кина, пештерите Јунганг во близина на Датонг и пештерите Лонгмен во близина на Луојанг.

Низ вековите, земјотресите, ерозијата и крадците оштетиле или уништиле многу пештери како и уметничките богатства во нив. Зачувани се вкупно 183 пештери, 694 камени статуи и 82 глинени скулптури. Релјефни скулптури и пештери, полни со кипови на Буда и фрески се нижат на северната страна на кањонот во должина од околу 200 метри. Секоја пештера е како маленѕав храм полн со будистички фигури. Овие пештери досегаат врв во голема природна пештера, каде што дрвените патеки несигурно се извиваат по лицето на карпата до скриените пештери покрај карпите и џиновскиот Буда Маитреја, висок повеќе од 27 метри.

Туризам

уреди

Скулптурите, резбите и фреските што останале се извонредни примери на будистичката уметност и привлекуваат посетители од целиот свет. Местото е исклучително оддалечено и може да се стигне само во лето и наесен со брод преку акумулацијата Лиуџјиашја. Чамците поаѓаат од близина на браната Лиуџјиашја во градот Лиуџјиакшја (седиште на округот Јонгџјинг), а понекогаш и од другите пристаништа на акумулацијата. Остатокот од годината местото е непристапно, бидејќи во околината нема патишта.

Наводи

уреди
  1. „Silk Roads: the Routes Network of Chang'an-Tianshan Corridor“. United Nations Educational, Scientific, and Cultural Organization. Посетено на 17 Apr 2021.

Надворешни врски

уреди