Пештери Јунганг (кинески:云冈石窟, пинјин: Yúngāng shíkū), порано познати како пештери Вуџоушан (кинески: 武州山 / 武周山, пинјин: Wǔzhōushān) — древни кинески будистички храмови во пештери, изградени за време на династијата Северен Веи во близина на Датонг, тогаш наречен Пингченг, во покраината Шаншји. Пештерите се одлични примери на архитектура во карпи и едно од трите најпознати места на древни будистички кипови во Кина. Другите локации се во Лонгмен и Могао.

Пештери Јунганг
светско наследство на УНЕСКО
Пештери Јунганг, Датонг, Кина
МестоШаншји, Кина
КритериумКултурно: i, ii, iii, iv
Навод1039
Запис2001 (XXV заседание)
Површина348,75 ха
Преоден појас846,81 ха
Координати40°06′38″N 113°07′33″E / 40.1105° СГШ; 113.1259° ИГД / 40.1105; 113.1259
Пештери Јунганг

Поглед на пештерите Јунганг
Традиционално 雲崗石窟
Упростено 云冈石窟

Пештерите Јунганг се наоѓаат на околу 16 километри западно од Датонг, во долината на реката Ши Ли во подножјето на планините Вуџоу Шан. Тие се извонреден пример на кинески камени резби од 5 и 6 век. Во комплексот има 53 поголеми пештери со вкупно 51.000 ниши, во кои има исто толку статуи на Буда. Покрај нив, има околу 1.100 помали пештери. На врвот на спилата со пештери се наоѓа тврдина од раздобјето династијата Минг.[1]

Пештерите се ископани на јужната страна на спилата од песочник, долга околу 800 метри и висока од 9 до 18 метри. Во 2001 година, биле вклучени во списокот на светско наследство на УНЕСКО. УНЕСКО смета дека пештерите Јунганг се:

„ремек-дело на раната кинеска будистичка пештерска уметност ... [и] ... претставува успешна спој на будистичката верска симболична уметност од Јужна и Средна Азија со кинеските културни традиции кои започнуваат во 5 век од н.е. под царско покровителство“.[2]

Кинеската национална туристичка администрација ги класифицирала пештерите како природно подрачје во категоријата AAAAA.[3]

Историја уреди

 
Пештера 9

По падот на династија Западен Џјин, северните делови на Кина потпаднале под власта на Северен Веи, каде што владеел кланот Туоба. Кланот за своја престолнина го избрал градот Пингченг (平城), сега познат како Датонг (大同). Северен Веи рано го усвоил будизмот како своја државна вера. Будизмот дошол по северниот пат на свилата, долг околу 2.600 километри, што го поврзувал древниот кинески главен град Шан на исток преку преминот Вушао Линг и Кашгар со древната Партија на запад.[4]

Првото раздобје на клепање кипови траел до 465 г. н. е. Пештерите од ова раздобје сега се означени со броевите од 16-20. Околу 471 г. н. е. започнала втората фаза која траела до 494 г. н. е. За тоа време, со поддршка на царскиот двор, биле издлабени двојните пештери 5/6, 7/8 и 9/10 и пештерите 11, 12 и веројатно 13. Царското покровителство завршило во 494 г. н. е. со преселувањето на дворот Веи во новиот главен град Луојанг. Сите други пештери биле создадени под приватно покровителство во текот на третото градежно раздобје, што траело до 525 година, кога изградбата конечно престанала поради бунтовите во областа.

Распаѓање и зачувување уреди

Статуите од песочник се изложени на силни временски влијанија од самиот почеток. Многу пештери се многу отворени и затоа се чувствителни на временските услови и загадувањето. На древните статуи им се заканува песок што го носи ветерот, загадениот воздух од индустрискиот град Датонг и прашината од блиските рудници и патишта. Пештерите се наоѓаат во близина на пустината Гоби, па пустинските бури исто така имаат свој удел.[5] Некои обиди да се зачуваат пештерите и да се поправат штетите биле направени веќе во првите векови по нивното завршување. За време на династијата Лиао, некои од статуите биле подновени, а помеѓу 1049 и 1060 година биле изградени „10-те храмови Јунганг“ за заштита на главните пештери. Храмовите биле уништени од пожар околу 60 години подоцна. Зачуваните дрвени згради пред пештерите 5 и 6 биле изградени во 1621 година за време на раната династија Чјинг. По 1950 година, пукнатините во песочникот биле пополнети со вбризгување на полнила. За да се намалат временските влијанија од песочните бури, околината на пештерите билапошумена.[6] За време на Културната револуција, Црвената гарда оштетила многу резби. На некои места се уште се видливи траги од куршуми. Во април и мај 1991 година, персоналот на Калтек извршил мерења на загадувањето на воздухот во пештерите Јунганг. Утврдено е дека речиси сите цврсти честички во воздухот се создаваат од минерална прашина и честички од јаглерод, што овозможило вниманието да се сосредоточи на изворите на овие видови супстанции.[7]

Пештера 6 уреди

Пештерата 6 е една од најбогатите во Југанг. Била изградена од царот Шјиао Вен помеѓу 465 и 494 година од нашата ера. Површината на пештерата изнесува околу 1000 квадратни метри. Целата внатрешност на пештерата е изрезбана и насликана. Во средиштето на пештерата се наоѓа ступа, која се протега од подот до таванот. Ѕидовите се поделени на два ката. Ѕидовите на горните катови се украсени со резби на стоечки Буди, бодисатви и монаси, поставени меѓу другите небесни фигури. Сите резби првично биле насликани. Бидејќи пештерите биле пресликани до дванаесет пати, тешко е да се одреди првичната слика.[8]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Agnew, Neville (1997-06-19). Conservation of Ancient Sites on the Silk Road: Proceedings of an International Conference on the Conservation of Grotto Sites (англиски). Getty Publications. ISBN 9780892364169.
  2. „Yungang Grottoes“. UNESCO. Посетено на 2007-09-06.
  3. „AAAAA Scenic Areas“. China National Tourism Administration. 16 November 2008. Архивирано од изворникот на April 4, 2014. Посетено на 9 April 2011.
  4. [1] Silk Road, North China, C.Michael Hogan, the Megalithic Portal, ur. A. Burnham, 2007].
  5. Salmon, Lynn G.; Christoforou, Christos S.; Cass, Glen R. (1994). „Airborne Pollutants in the Buddhist Cave Temples at the Yungang Grottoes, China“. Environmental Science & Technology (англиски). 28 (5): 805–811. Bibcode:1994EnST...28..805S. doi:10.1021/es00054a010. PMID 22191820.
  6. report of the UNESCO advisory board.
  7. Salmon, Lynn G.; Christoforou, Christos S.; Cass, Glen R. (1994). „Airborne Pollutants in the Buddhist Cave Temples at the Yungang Grottoes, China“. Environmental Science & Technology (англиски). 28 (5): 805–811. Bibcode:1994EnST...28..805S. doi:10.1021/es00054a010. PMID 22191820.
  8. Agnew, Neville (1997-06-19). Conservation of Ancient Sites on the Silk Road: Proceedings of an International Conference on the Conservation of Grotto Sites (англиски). Getty Publications. ISBN 9780892364169.

Литература уреди

Надворешни врски уреди