Пештери Аџанте
Пештери Аџанте (маратхи: अजिंठा लेणी, Ajiṇṭhā leni) се состојат од 29 пештерски храмови издлабени во карпите на Аџанте во две фази, во вториот век п.н.е (за време на династијата Сатавахана) и во 5 век (за време на династијата Вакатака).[1] Во пештерите има фрески и скулптури прогласени од индиската влада (Археолошко истражување на Индија) за „најубавите зачувани примери на индиската уметност, особено сликарството.“ Пештерите се издлабени во карпите на клисурата на реката Вагума, кој има облик на латинската буква „У“ и ги содржи некои од најубавите будистички ѕидни слики во Индија. Затоа во 1983 година се впишани во списокот на УНЕСКО на Светско наследство на Азија и Австралија .
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | Културно наследство: i, ii, iii, iv |
Запис | 1983. (7. заседание) |
Историја
уредиОваа област од 2 век п.н.е билa населенa со будистички свештеници кои поради нападите на Хиндусите го напуштиле во 5 век. Пештерските храмови останале заборавени и веројатно целосно ќе пропаднеле доколку не биле толку оддалечени и скриени од луѓето.
Во 1819 година британската армија, при лов на тигри, го забележала нивното постоење, по што започнало и нивното истражување. Набрзо станале познати по нивната егзотична локација, импресивната архитектура, уметничките слики и долго заборавената историја.
Особености
уредиПокрај раскошно врежаните портали, секој храм е оригинален одвнатре. Тие се повеќе длабоки отколку што се широки и секој има ниша на ѕидот спроти влезот во кој е сместена скулптурата на Буда.
Повеќето храмови (ги има околу 20) биле специјално издлабени од локалните владетели околу 475 година, вклучувајќи ја на пр. пештера I која има голема вихара сала (која се користи за живеење на свештениците) со свештенички соби и чаитуа (хинду за „света“) соба со храмот на Буда во позадина. Ѕидовите на главната сала се сликани во фреско -техника со гипсена подлога. Некои од сликите прикажуваат епизоди од животот на Буда (т.н. „Јатака приказни“), додека влезот е врамен со две фигури на бодисатва. Бодисатвите се просветлени суштества кои ја одложуваат нирваната за да им помогнат на другите да го постигнат истото просветлување. Бодисатвите се разликуваат од Буда затоа што имаат кралски накит и се богато опремени со деликатни украси. Овие прикази се слични на фреските од античкиот град Сигирија во Шри Ланка .
Натуралистичкото сликарство е избалансирано со благо тонирани бои, а цртањето на контурите, кое секогаш е клучен елемент на индиското сликарство, јасно ги оцртува формите. Тонските градации на бои создаваат илузија на тродимензионалност. Оваа синтеза на грациозноста на божество и опипливата човечност е типична за индиската уметност во периодот Гупта (320-600 година).
-
Внатрешноста на храмот -
Светилиштето на Буда -
Фреска на Махјајанака Јатака (Легенда за Јатака) -
Љубовници во храмот II. -
Влез во храмот IX.
Наводи
уредиЛитература
уреди- Gopal, Madan (1990). K.S. Gautam (уред.). India through the ages. Publication Division, Ministry of Information and Broadcasting, Government of India. стр. 173.CS1-одржување: ref=harv (link)
- James Burgess & J. Fergusson (2005). Cave Temples of India. W.H. Allen & Co., London, 1880.; Delhi: Munshiram Manoharlal Publishers Pvt Ltd., Delhi. ISBN 978-81-215-0251-1.CS1-одржување: место (link)
Надворешни врски
уреди- Видео пештера на порталот MTDC Архивирано на 8 април 2020 г.