Пецо Ромев
Пецо Ромев (Горничево, Леринско, Егејска Македонија - Ќафа, кај Грамошта, 30 август 1949) — деец на македонското ослободително и на грчкото антифашистичко движење од 1943 г.одина.[1]
Пецо Ромев | ||
Роден | Горничево, Леринско, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починал | 30 август 1949 Ќафа, кај Грамошта, Егејска Македонија |
Животопис
уредиРомев е роден во леринското село Горничево, Егејска Македонија. Од август 1943 стапил во редовите на ЕЛАС, а во октомври 1944 година се префрлил во Вардарскиот дел на Македонија и станал борец на Првата ударна егејска бригада. Со бригадата учествувал во сите воени операции и борби во Западна Македонија против балистите. Се вратил во Егејскиот дел во 1945 година и бил активист на НОФ и борец на вооружените групи на НОФ. Од ноември 1946 година бил во редовите на ДАГ, односно во редовите на 18 бригада на ДАГ со која учествувал во повеќе борби на Вич, Снежник, на Грамошта, при што покажал голема храборост. На вториот конгрес на НОФ од март 1949, станал член на главниот одбор на НОФ. Пецо бил командир на вод на ДАГ, потоа на чета. На 30 август 1949 година, кај месноста Ќафа на планината Грамошта, кога авионска бомба го погодила бункерот во кој бил сместен целиот штаб на 426 баталјон на ДАГ, загинал на самиот крај на Битката на Грамошта и Граѓанската војна во Грција.
Наводи
уреди- ↑ Р. Кирјазовски, Македонски национални институции во Егејскиот дел на Македонија (1941–1961), Скопје, 1987.