Петар Миљковиќ - Пепек
Петар Миљковиќ - Пепек (Скопје, 30 јуни 1929 — Скопје, Македонија, 13 мај 2003) — македонски историчар на уметноста, ликовен критичар, професор[1].
Петар Миљковиќ - Пепек | ||
Роден | 30 јуни 1929 Скопје, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 13 мај 2003 Скопје, Македонија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | историчар на уметноста, ликовен критичар, професор |
Животопис
уредиГо посвети својот живот на истражувањето на македонското средновековно културно наследство и неговиот придонес во изградбата на византиската културна ризница. Истражувањата и анализите на архитектонското творештво, фрескодекорацијата на сакралните споменици и иконописната продукција, и грижата за националниот уметнички трезор, ce влог на неговата професионална кариера во Археолошкиот музеј (1953-1963), Републичкиот заводза заштита на спомениците на културата (1963-1975) и Филозофскиот факултет (1975-1990).
Учествувал на единаесет византолошки конгреси во периодот од 1955 до 2001 година, придонел во работата на безбројни научни собири во земјата и во странство и објавил над 220 труда во најреномираните меѓународни списанија за средновековна уметност, преку кои ги претставувил основните контури на неговиот професионален портрет, како експерт за културно наследство и научник од висок меѓународен ранг. Петар Миљковиќ - Пепек, постојано ce наоѓал во фокусот на научните интересирања и израснал со своите научни дела во антологиски примери на историјата на [[византиската цивилизација. Конзерваторскиот третман, реставраторските зафати и грижата за зачувувањето и заштитата на македонската уметничка ризница, биле негова благородна и драгоцена обврска во текот на целиот негов живот.
Творештво
уреди- Тој ja дал првата дескрипција и го открил епохалното значење на суптилниот теолошко-литургиски концепт на олтарната декорација на катедралната црква-„ Света Софија “ во Охрид.
- Го разоткрил престолничкото потекло на [[Охридската иконописна збирка од XI век.
- Проникнал во хуманистичките одлики на ликовниот третман на Нерешкото ателје.
- Ги согледал длабоките богословски концепти визуелизирани во Курбиновскиот живопис.
- Го предочил стилско-ликовниот плурализам на македонското сликарство од XIII век.
- Ги осветлил блескавите дострели на ликовното мајсторство на митрополитот Јован Зограф и јеромонахот Макариј, од последниот период на подемот на македонската средновековна уметност.
- Неговите долгогодишни проучувања и анализи на различните аспекти на македонското медиевално градителство и ликовната продукција, резултирале со синтези на уметничките текови од одделни етапи на развојот на визуелната култура на нашето подрачје.
- Тој успеал да го разоткрие и претстави уметничкиот идентитет на одделните столетија, почнувајќи од далечниот период на востановувањето на Светиклиментовата културна традиција, cè до крајот на средновековната епоха, не изоставувајќи ja глобалната анализа на нивното значење во контекст на творечкиот континуитет на ликовната практика на македонската територија.
Од друга страна, работел врз монографската интерпретација на одделни споменици и нивното место во средновековната културна историја, што резултирало со продукција на извонредни изданија, во кои: ja осветлил сложената ликовна концепција на фрескоансамблот на:
- Црквата „Свети Никола “ во мариовското село Манастир
- Го претставил значењето на храмот „Свети Јован Богослов “ – „Канео “
- За развојот на македонското сликарство од крајот на XIII век, ги реконструира фазите на создавањето на манастирскиот комплекс во Водоча,
- Ја прикажал раскошната архитектонска визура и мистичниот декоративен аранжман на Богородичината црква во Велјуса]].
- Го открил најголемото балканско средновековно ликовно ателје на Михаил и Евтихиј.
- Ги претстави врвните творечки дострели на македонските зографи врз спектакуларниот иконописен трезор од [[Марковиот манастир.
Во својот творечки опус, Петар Миљковиќ - Пепек разрешил многу различни и комплексни проблеми на средновековната уметничка продукција, збогатувајќи ja стручната библиографија на византолошката наукасо драгоцени податоци, согледувања, теории и идеи, истовремено поставувајќи и отворајќи многу нови прашања и претпоставки за идните генерации научници. Петар Миљковиќ - Пепек бил благородна личност, искрен соговорник, коректен соработник, голем учител. Знаел да пофали и поттикне, умеел да раскажува интересни и возбудливи приказни за своите теренски истражувања и духовито ce осврнувл на дамнешните и сегашните препреки и незгоди. Кон крајот на својот живот бил преокупиран со Нерези, со симболиката на длабокото синило на Нерешките фрески што ja впило сакралната тага на Страсниот циклус,како и ликовите насликани во Варошкиот „Свети Димитрија “, на иконописната збирка од Марковиот манастир, со величината на македонскиот културен трезор, за идните истражувања. Своите студенти ги научил да ги почитуваат и негуваат културните придобивки од минатото и да ги вградат во сопствената културна матрица на современи македонски интелектуалци. Претставителните димензии на македонското културно наследство, во кое ce вбројуваат раскошните архитектонски концепти на сакралните градби, неповторливите фрескоансамбли обележани со вонземска убавина и спектакуларната колекција на средновековни икони, ce плод на долговековните напори на избраните творци да остават трајна и благородна трага во секогаш променливиот свет на историјата. Откривајќи ги нивните дела, подарени на величествената културна ризница на човештвото, укажувал на непроценливото уметничко наследство и милениумски долгите културни традиции, големиот влог што Македонија може да и го понуди на светската историја. Неговото научно дело, благородната посветеност на грижата за културните споменици и заштитата на историско-уметничкиот хабитус на нашето подрачје, надалеку ги надминаа тесните локални и државни рамки и го ситуираа македонското културно наследство во творечкиот космос на светското семејство на народите[2]
Награди
уредиВо многубројните награди и признанија се издвојуваат меѓудругите и:
- Награда „11 Октомври“ (1959,1967),
- Награда „13 Ноември“ (1982),
- Медалот за извонреден придонес во заштитата на културното наследство (1975),
- Орденот на труд со златен венец(1980)
- Наградата на Виенската Академија „Gottfried von Herder “ за животно дело (1989), сошто бил потврден неговиот исклучителен придонес во откривањето, проучувањето и заштитата на македонската средновековна култура и зборува за величината и реномето на еден од најпочитуваните творци во доменот на византолошката научна дисциплина[3].
Наводи
уреди- ↑ „Петар Миљковиќ-Пепек, Свети Врачи“. Архивирано од изворникот на 2021-07-24. Посетено на 2020-08-14.
- ↑ Професор д-р ПЕТАР МИЈБКОВИЌ - ПЕПЕК[мртва врска]
- ↑ награда "Готфрид Фон Хердер