Петар Курјак
Петар Милев Курјак ( 1902 во Шановица, Хрватска — 16 ноември 1944 во Ново Село (Кичевско)) — македонски партизан, од хрватско потекло, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Петар Курјак | ||
Роден | 1902 година Шановица, Хрватска | |
---|---|---|
Починал | 16 ноември, 1944 година Ново Село (Кичевско), Македонија | |
Националност | Хрват |
Животопис
уредиЗа времето на стара Југославија бил жандарм ѝ живеел и се оженил во Кичево. По окупацијата се занимавал со угостителство, а во есента 1944 година заминал партизан во Петнаесеттата македонска ударна бригада. Со Бригадата учествувал во борбите за ослободувањето на Кичево. Загинал на 16 ноември 1944 година во борба со балистите кај Ново Село.[1]