Петар Кузманоски – Таста (Прилеп, 1952 - Прилеп, 29 април 2018) — македонски ракометар, кој важешел за најдобар прилепски ракметар на сите времиња, идол на многу ракометни спортисти и успешен обучувач , ракометен тренер на плеада ракометари и ракометарки, во рамки на некогашниот клуб „ТУТ-КОМ“. Кузманоски имал големи заслуги за силниот подем на клупскиот и македонскиот ракомет, воопшто. Бил член на Управниот одбор на РК „Тут- Ком“ и претседател на клубот. Тој бил координатор и директор на младинската репрезентација на Македонија, која го постигна најголемиот успех, односно станале прваци на Балканот и четврти во Европа. Неговиот син Горан Кузманоски исто така е ракометар.

Петар Кузманоски – Таста
Роден(а)1952
Прилеп, НР Македонија СР Македонија
Починал(а)29 април 2018
Прилеп, Македонија Македонија
НационалностМакедонец
Занимањеракометар

Биографија и кариера уреди

Кузманоски по завршувањето на активната децениската ракометна кариера, во сезоната 1981/82 во дресот на својот матичен клуб РК „Тутунски комбинат“, ја презел улогата на тренер на младинската школа,а потоа станал тренер на машката сениорска екипа.

Но, најголмиот успех во тренерската кариера го постигнал со најквалитетниот женски ракометен колектив на РК „Тутунски Комбинат“, кои во сезоната 1987/88 станале второлигаши во некогашната YU женска ракометна лига и тоа било првпат РК „Тутунски Комбинат“ да има женска второлигашка екипа, која предводена од Таста редела успеси. Таста останал активен во ракометот во Прилеп и по распадот на РК Тут –Ком. Формирал школа „РК Таста 107“ за млади ракометарки кои се натпреварувале во Првата женска ракометна лига. Бил организатор на спектакуларниот ракометен настан, кога играле ветераните на Македонската репрезентација со ветераните „Тут-Ком“, одржан во 2012 година за собирање средства за изградба на црквата „Св.Петка“ во прилепската населба Точила. Тренерската кариера ја завршил во 2014 година во својот клуб-школа „Таста 107“. Починал на 29 април 2018 година во Прилеп.[1]

Наводи уреди

  1. ИН МЕМОРИАМ: Замина најдобриот ракометар на Прилеп на сите времиња. Архивирано од изворникот на 2019-01-06. Посетено на 2018-09-17.