Петар Икономов
Петар Икономов (роден на 10 април 1915 година во Скопје - починал во 2004 година во Скопје) — македонски биолог.[1]
Петар Икономов | ||
Роден | 10 април 1915 Скопје, Кралство Србија | |
---|---|---|
Починал | 2004 Скопје, Македонија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | биолог |
Бил сопруг на Фанка Икономова, македонска оперска певица - споран, уметник од првата генерација и еден од основоположниците на Македонската Опера и Балет.
Животопис
уредиПетар Икономов основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал биологија на ПМФ во Софија (1942). Бил директор на Природонаучниот музеј на Македонија (1945–1958). Во 1946 г. бил избран за наставник на Групата за биологија на Филозофскиот факултет. До 1952 г. учествувал во наставата како предавач. Докторската дисертација ја одбранил во 1959 г. Доцент бил до 1960 г., вонреден професор до 1965 и потоа редовен професор. Заминал во пензија во 1981 г. Се занимавал со проучувањето на систематиката, екологија, распространувањето и зоогеографската припадност на Епхемероптера и Плецоптера во Македонија. Публикувал повеќе од 45 научни труда.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Икономов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 596. Text "series " ignored (help)