Петар Џундев (13 јули 1927 Гевгелија) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Петар Џундев
Роден 13 јули, 1927 година
Гевгелија, Кралство Југославија

Животопис

уреди

Роден е на 13 јули 1927 година во Гевгелија. Основно образование изучувал од 1934 до 1938 година. Во 1939 година започнал гимназија, но по прво одделение почнал да работи во продавницата на татко му и продолжил во вечерно училиште. По влегувањето на бугарските трупи во Југославија продолжил да учи до IV одделение. Во септември 1944 година се приклучил на НОВ и заедно со други доброволци од селото Серменин заминал во Тиквешијата со Првиот баталјон, Вториот одред на Деветтата македонска ударна бригада. Во ноември 1944 година станал член на Комунистичката партија. Подоцна станал водач на млади и секретар на СКМУ на Првиот баталјон на 10-та македонска ударна бригада. На 5 јануари 1945 година неговата бригада била распуштена и преименувана во Трета бригада на Осмата македонска дивизија на КНОЈ. По војната продолжува да учи во гимназијата во Гевгелија. Подоцна студирал на економското училиште „Борис Кидриќ“ во Скопје. Во декември 1948 година влегува во УДБА и бил заменик полномошник на првиот округ во Скопје. На 22 август 1952 година се оженил со Љупка Арсова, од која има две деца Игор и Горан. Од 1952 до 1954 година студирал во Белград на Вишата школа за државна безбедност. По напуштањето на УДБА во 1962 година, започнува да работи во Главниот комитет на Социјалистичкиот сојуз на работникот на Македонија. Во периодот од 1969 до 1972 година бил директор на Центарот за социјална работа во Скопје. Од 1972 до 1978 година бил заменик републикански секретар на Републичкиот секретаријат за здравство и социјална политика. Во 1978 година бил назначен за републикански секретар (министер) за здравство и социјална политика и за член на Извршниот совет на Социјалистичка Република Македонија. Во периодот од 1982 до 1986 година бил пратеник во Собранието на Македонија.

Во 2002 година станува член на Градскиот комитет на Сојузот на борците за град Скопје.[1]

Наводи

уреди
  1. „Историја на семејството Џундеви“ (PDF).