Осма македонска дивизија на КНОЈ
Осма македонска дивизија на КНОЈ била формирана во слободно Скопје, во втората половина на декември 1944 година.[1]
Осма македонска дивизија на КНОЈ | |
---|---|
Активна | декември 1944 – 1945 |
Команданти | |
Истакнати команданти | Васко Карангелевски |
Команден состав
уредиКомандниот состав на дивизијата го сочинувале:[1]
- Васко Карангелевски, командант
- Тодор Настевски, командант
Политички комесари биле:
- Раде Гогов - Црноречки, политички комесар
- Коле Млекарот, политички комесар
- Димитар Алексиевски, заменик политички комесар
Состав и активности
уредиНа 15 август 1944 година Врховниот командант наредил да се формира корпус на народната одбрана на Југославија (КНОЈ), чија основна задача би била обезбедување ред и мир во заднината на единиците и заштита на државните граници. Дури по конечното ослободување на Македонија, во рамките на воената реорганизација е формирана оваа дивизија. Во нејзин состав влегле Петтата, Десеттата и Триенаесеттата македонска ударна бригада, и по еден баталјон од составот на Дваесеттата и Дваесет и првата македонска ударна бригада.[1] Конечното оформување на оваа дивизија се завршило со упатување на уште една бригада во нејзиниот состав, составена од војници од белградската и војводинската дивизија на КНОЈ. Дивизијата била упатена во реонот на Битола, а нејзина задача била заштита на јужната граница на Демократска Федеративна Република Југославија, како и борба со остатоците на непријателските елементи. По наредба на Врховната команда на југословенската армија, сите народноослободителни партизански одреди, месни стражи и команди на места влегле во составот на оваа дивизија.[1]