Перуќко Езеро
(Пренасочено од Перучко Езеро)
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Перуќко Езеро — вештачко езеро на реката Цетина, помеѓу планините Динара и Свилаја во Хрватска. Површината на езерото изнесува 15 км2, најголемата длабочина е 65 м, а неговата должина е околу 20 км. Езерото настанало во 1958 година со изградбата на браната Перуќа. Со изградбата на оваа брана биле поплавени делови од околните села, вклучувајќи плодни земјишта и куќи. Поплавен бил и манастирот Драговиќ од 1395 година, кај селото Кољане, а бил изграден нов на повисоко место. Хидроелектраната Перуќа била изградена 2 години после подигањето на браната кај Бителиќ. Езерото е значајно и за регулација на нивото на водата на Цетина т.е. спречување на поплава.
Перуќко Езеро Perućko jezero | |
---|---|
Подрачје | Сплитско-далматинска Жупанија, Далмација |
Координати | 43°51′N 16°31′E / 43.850° СГШ; 16.517° ИГД |
Вид | вештачко езеро |
Главни приливи | Цетина |
Главни истеци | Цетина |
Слив | 3,700 км2 |
Сливни земји | Хрватска |
Најг. должина | 18 км |
Најг. ширина | 3 км |
Површина | 13,0 км2 |
Најг. длабочина | 64 м |
Зафатнина | 0,565 км3 |
Надм. височина | 360 м |