Персис Дрел
Персис Сидни Дрел (англиски: Persis Sydney Drell, р. 30. декември 1955 година во Пало Алто, Калифорнија, САД) е американски физичар.[1] Нејзината специјалност е јадрената физика. Од 2007 до 2012 година, Дрел беше директорка на националната лабораторија и акцелератор СЛАК (Стенфордов центар со линеарен акцелератор, англиски: Stanford Linear Accelerator Center). Потоа постана декан за Школата за инженерство при Стенфордовиот универзитет меѓу 2014 и 2017 година. Од 1. февруари 2017 година, Дрел е проректор за академски прашања на Стенфордовиот универзитет.[2]
Персис Дрел | |
---|---|
Националност | САД |
Полиња | Физика на честички |
Установи | Универзитет Корнел, Станфорд Линеарски Акцелераторски Центар, Лавренс Баркелеј Национална Лабораторија |
Образование | Универзитет во Калифорнија, Беркелеј, Велеслеј Колеџ |
Дрел има добиено бројни награди и признанија за нејзината работа. Таа е член на Американската академија на уметностите и науките.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Persis Drell“ (англиски). 2016-12-30. doi:10.1063/PT.5.031386. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ University, Stanford (2016-11-07). „Persis Drell named Stanford provost“. Stanford News (англиски). Посетено на 2020-04-14.
- ↑ „Persis Sydney Drell“. American Academy of Arts & Sciences (англиски). Посетено на 2020-04-14.