Персиски Залив

море
(Пренасочено од Персиски залив)

Персиски Залив (персиски: خليج فارس, арапски: الخليج الفارسي) — голем залив (всушност море) во Западна Азија, дел од водите на Арапско Море и Индискиот Океан, поврзан заедно со Оманскиот Залив. Излез на заливот имаат Бахреин, Ирак, Иран, Катар, Кувајт, ОАЕ, Оман и Саудиска Арабија. Во заливот се влева реката Шат ел-Араб, во која се собираат реките Тигар и Еуфрат. Големи пристаништа на заливот се Абадан (Иран), Басра (Ирак), Дамам (Саудиска Арабија).

Персискиот Залив