Патриотизам (расказ)
Патриотизам е расказ од јапонскиот писател Јукио Мишима. Расказот е објавен на македонски јазик во 2011 година, од издавачката куќа „Темплум“, како дел од збирката „Пат околу светот во 20 раскази“. Преводот на македонски јазик го извршил Милан Дамјаноски.
Содржина
уредиНа 28 февруари 1936 година, поручникот во јапонската армија Шинџи Такајема извршил самоубиство на традиционалниот начин, забодувајќи си го мечот во стомакот. Заедно со него се убива и сопругата Реико. Тие се млад брачен пар, кој се венчал пред половина година при што младите се сакаат бескрајно. Два дена пред самоубиството, во баталјонот на Шинџи настанува бунт: група негови колеги сакаат да иницираат реформи во јапонската армија и држава. По почетното молчење, јапонскиот цар издава соопштение со кое нивната акција се прогласува за бунт, а Шинџи е определен да командува со војската која треба да ги нападне бунтовниците. Шинџи не знае ништо за бунтот, зашто неговите другари сакале да го поштедат, имајќи предвид дека само што стапил во брак. Една вечер, Шинџи се враќа потиштен дома, решен да изврши самоубиство, разочаран од тоа што војниците на царската армија треба да се убиваат меѓу себе. Потоа, тој и сопругата страсно водат љубов, по што двајцата извршуваат самоубиство.[1]
Наводи
уреди- ↑ Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ, Темплум, Скопје, 2011, стр. 73-117.