Панче Михаилов Санев ( 1925 во Штип17 април 1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Од Штип сѐ преселил во Скопје. Завршил основно училиште. Како активист на напредното движење бил примен за член на Комунистичката партија на Македонија. Учествувал во разни акции против окупаторот и собирал материјална помош за партизаните. Работел во опфаќање на нови приврзаници во НОВ, особено од редовите на младината. Во јуни 1944 година стапил во редовите на НОВ и учествувал во завршните операции за ослободувањето на Македонија. Во Земун со успех завршил воена и политичка обука. Станал политички комесар на чета. Потоа учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Во една од многубројните битки, загинал на 17 април 1945 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 127. На |first= му недостасува |last= (help)