Пантелеј Митков (роден на 24 јули 1929 година во Охрид) — македонски архитект и урбанист.[1]

Пантелеј Митков
Роден 24 јули 1929
Охрид, Кралство Југославија
Националност Македонец
Занимање архитект
урбанист

Животопис

уреди

Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1955 година). Докторирал на Природно-математичкиот факултет во 1980 година. Како проектант работел во Републичкиот завод за убанизам во Скопје и во Институтот за просторно планирање во Охрид. Претежно се занимавал со просторно и урбанистичко планирање, а се пројавува и како архитект проектант.

Позначајни реализирани објекти:

  • хотелот „Астра“ во месноста Св. Стефан во Охрид (1956);
  • Студентско одморалиште во Охрид (1963);
  • хотелот „Десарет“ во Пештани (1971).

Од областа на урбанизмот:

  • деталниот урбанистички план на стариот дел од градот Охрид (1967).
  • изработка на Просторниот план на Македонија (1982).

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Митков“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 965. Text "series " ignored (help)