Превозна палета или транспортна палета (од францускиот palette[1]) — посебно изработена рамна површина, на која се поставува стоката, која заедно со палетата образува единствена единица за превоз.[2]

Класична дрвена палета со нараквица за сразмер
Метална палета, чии страници може да се извадат, за превоз на огревно дрво
Автоматска палетизација на леб со роботи во Германиј

Класична дрвена палета може да се товари со 1 до 2 тони товар, а се ракува со помош на специјални возила дигалки - виљушкари. Палетите се произведуваат во стандардизирани ISO димензии, а големината на просторот за сместување на товар во возила и складови е дотерана на нивната големина.[2]

Во логистиката, таквата технологија за испорака на стоки се нарекува палетизација.[2]

Историја

уреди

Првите превозни палети се појавиле по Првата светска војна, но масовно почнале да се произведуваат за време на Втората светска војна за потребите на Американската армија. По војната, на крајот на 1960-тите, почнале да се користат во трговијата и индустријата.[3]

Денес, во Европа се произведуваат европалети чии димензии се 1000 × 1200 мм според ISO стандардот. Особено цврстите палети се изработуваат од челик, а оние за авионски превоз се изработуваат од алуминиум. Има палети и од пластика, но најчесто се користат оние од дрво.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Palette (engleski). EtymologyOnline. Посетено на 28.09.2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 Paleta (hrvatski). Hrvatska enciklopedija LZMK. Посетено на 28. 09. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. 3,0 3,1 The History of Pallets (engleski). 1001pallets. Посетено на 28.09.2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Надворешни врски

уреди