Палата Ферије
Палата Ферије (турски: Feriye Sarayı) — комплекс од згради кои се наоѓаат долж европското крајбрежје на Босфорот во Истанбул, Турција. Во моментов, во зградите се сместени образовни институции како средно училиште и универзитет.
Палата Ферије | |
---|---|
Општи податоци | |
Стил | Османлиска архитектура |
Град | Истанбул |
Земја | Турција |
Почната | 1871 |
Сопственик | Република Турција |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Саркис Балјан |
Комплексот на палатата бил нарачан од султан Абдул Азис (владеел 1861–76) во 1871 година, а го дизајнирал архитектот Саркис Балјан[1]. Зградите биле изградени за да ја задоволат потребата на членовите на поширокото семејство на царскиот двор за престој. Палатата, изградена покрај дворецот Долмабахче и палатата Чираган, била наречена „Ферије“ што значи „секундарно“ или „помошно“ на отомански турски јазик[2]. Се состои од три главни згради на крајбрежјето, оддел за наложници, мала двокатна зграда.
На 30 мај 1876 година, султанот Абдул Азиз бил сменет од страна на неговите министри. Тој се преселил во палатата Ферије по свое барање по четиридневниот престој во палатата Топкапи. Набргу потоа, тој бил пронајден мртов во палатата Ферије. Ова било забележано како самоубиство во тоа врем[3] е.
Разни членови на отоманскиот царски двор престојувале во палатата Ферије до 3 март 1924 година, односно до укинување на Османлискиот Калифат од парламентот на новооснованата Република Турција. Зградите останале празни за одреден временски период по надворешната депортација на последниот калиф Абдул Меџид II.
Наводи
уреди- ↑ „Yanan bina Sarkis Balyan tarafından yapılmıştı“. T24. 2013-01-23. Архивирано од изворникот на 2013-09-27. Посетено на 2013-09-26.
- ↑ Bardakçı, Murat (2004-06-30). „Avrupalı olma çabamız Bush'un konuştuğu yerde başlamıştı“. Hürriyet. Архивирано од изворникот на 2009-09-14. Посетено на 2020-09-05.
- ↑ Davis, Claire (1970). The Palace of Topkapi in Istanbul. New York: Charles Scribner's Sons. стр. 222. ASIN B000NP64Z2.