Падот на Алжир (1529)

Падот на Алжир или заземањето на градот Алжир од страна на Османлиското Царство се случил во 1529 година, кога во биктата била победена Хабсбуршка Шпанија.

Падот на Алжир
Дел од Османлиско-хабсбуршки војни

Шпанската тврдина(Ел Пењон де Аргел )
Датум 29 мај 1529
Место Алжир
Исход Османлиска победа
Завојувани страни
Шпанија
Кабили
Османлиски Алжир
Команданти и водачи
Дон Мартин де Варгас Хајрудин Барбароса
Сила
200 војници 2,000 јаничари
Жртви и загуби
175 мртви непознато

Заднина

уреди

Во 1510 година, Шпанците освоиле еден остров кој се наоѓал во непосредна близина на Алжир. Шпанците го принудиле локалниот владетел Салим ал Туми да го прифати нивното присиство во регионот, како и да им плаќа данок[1][1]. Владетелот морал да оди во Шпанија за да даде збор пред Фердинанд од Арагон дека нема да правил проблеми на новата власт. Сепак, во 1516 година, Салим ги поканил Орук Барбароса и Хајрудин Барбароса со заеднички сили да ги протерат Шпанците. Орук, со помош на Османлиското Царство дошол во Алжир, го презел по кое наредил Салим да биде убиен.[1] На ова одговориле Шпанците кои ги испратиле своите војски за да воспостават контрола врз регионот. Но, тие доживеале неуспех во 1516 и 1519 година.

Кога Сулејман Величествениот му објавил војна на Фердинанд во јануари 1529 година, тој, исто така, сакал да го освои и западниот дел на Средоземјето, и затоа повторно дал поддршка на Барбароса[2]. Барбароса добил поддршка од 2.000 јаничари, како и голема финансиска помош[2]. По заземањето на власта, Барбароса започнал со опсада на шпанската тврдина која се наоѓала на влезот од пристаништето. По 22 дена отпор и војна, бранителите на чело со гувернерот Дон Мартин де Варгас конечно се предала на 29 мај 1529 година, без да добие помош од Шпанија. Варгас бикл убиен, тврдината била заземена а месното население било користено како робови.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 International Dictionary of Historic Places: Middle East and Africa Trudy Ring p.54 [1]
  2. 2,0 2,1 Garnier, p.19-20